Официјална веб-страница за Македонија
Развивање на здраво срце
Истражувањата покажуваат дека редовното практикување на Трансцендентална Медитација го намалува физичкиот стрес и го одржува здравјето на срцето.
Срце на човек под стрес
Срце на човек што медитира
Стресот го оштетува срцето
Покажано е дека психолошкиот стрес ја зголемува активноста на симпатичкиот нервен систем и на оската хипоталамус – хипофиза - надбубрежни жлезди. Ваквата зголемена активност доведува до ослободување на адреналин, норадреналин и кортисол, кои се причина за забрзано чукање на срцето, зголемување на количеството на крв кое се пумпа од срцевите комори и стеснување на крвните садови.
Ваквите промени доведуваат до зголемен крвен притисок. Активацијата на овие системи исто така го забрзува и процесот на атеросклероза, што доведува до исхемија на срцето (ангина), коронарна срцева болест и мозочен удар.
ТМ за здраво срце
Практикувањето Трансцендентална Медитација два пати дневно ја намалува активноста на симпатичкиот нервен систем, а како резултат на оваа намалена активност крвните садови се шират, се намалуваат хормоните кои предизвикуваат стрес ( адреналин, норадреналин и кортисол) и се ослободува стресот. Истражувањата потврдуваат дека ТМ:
- Го намалува високиот крвен притисок
- Ја намалува артеросклерозата
- Го намалува стеснувањето на крвните садови
- Го намалува задебелувањето на коронарните артерии
- Ја намалува потребата од антихипертензивни лекови
- Ја намалува стапката на смртност
Научни истражувања
Истражување за срцеви болести
Националниот институт за здравство додели над 20 милиони долари за проучување на ефектите на Трансценденталната Медитација за превенција и третман на болести на срцето, хипертензија и мозочен удар. Покрај тоа, спроведени се стотици други студии за испитување на корисните ефекти на програмата на ТМ врз умот, здравјето, однесувањето и општеството во 33 земји, во преку 210 независни универзитети и истражувачки институции, вклучувајќи ги и Харвард, Јеил и Медицинскиот факултет во Лос Анџелес.
Листа на истражувања со оригинални наслови:
- Reduced High Blood Pressure & Death Rates - American Journal of Cardiology
- Reduced High Blood Pressure & Reduced Hypertensive Medication - American Journal of Hypertension
- Reduced Atherosclerosis - American Journal of Cardiology
- Reduced Thickening of Coronary Arteries - The American Heart Association's Stroke
- Reduced Constriction of Blood Vessels - Psychosomatic Medicine
- Reduced Blood Pressure - International Journal of Neuroscience
- Reduced Myocardial Eschemia - American Journal of Cardiology
- Slowing of Aging - International Journal of Neuroscience
- Stress Relief - Integrative Cancer Therapies
- Reduced Hospitalization Rates -American Journal of Managed Care
- Decreased Medical CareUtilization and Hospitalization - Psychosomatic Medicine
- Increased Creativity - Journal of Creative Behavior
- Improved Memory - Memory and Cognition
- Increased Intelligence - Intelligence
- Decreased Anxiety - Journal of Clinical Psychology
- Reduced Alcohol Abuse - American Journal of Psychiatry
- Increased Productivity - Academy of Management Journal
- Reduced Blood Pressure:Comparisons with Other Procedures - The American Heart Association's Hypertension