Официјална веб-страница за Македонија
Откажување од пушењето
Докторите Џејмс Краг и Роберт Шнајдер одговараат на вашите прашања во врска со откажувањето од цигарите и како Трансценденталната Медитација може да помогне.
Пушењето е еден од главните ризични фактори за срцеви заболувања. Што може да направи техниката на Трансцендентална Медитација за да им помогне на луѓето да ги остават цигарите?
Д-р Шнајдер:Пушењето е навистина главен ризичен фактор за срцеви заболувања, рак на белите дробови и за многу други состојби кои предизвикуваат смртност, болести и инвалидитет. Впрочем, и првиот човек за здравство во војската на САД смета дека пушењето е водечка причина за смрт.
На лекарите им е навистина тешко да ги натераат пациентите да престанат со пушењето. Но, програмата на Трансценденталната Медитација се покажа доста ефективна во помагањето на луѓето да се откажат.
Во мета - анализите, или проучувањето на сите достапни истражувања за престанување со пушењето, објавени во кварталниот журнал „Лекување на алкохолизам" и „Журнал за промоција на здравјето" , техниката на Трансцендентална Медитација се покажа дека е двапати поефикасна во помагањето на луѓето да престанат со пушење од другите третмани, вклучувајќи ги фармаколошката терапија, индивидуалното советување и техниките за самопомош. Ова е многу значаен резултат за 25 - 30% од населението кое пуши.
Дури и ако ја научам техниката на Трансцендентална Медитација, нема ли сè уште да треба цврсто да се обидувам да се откажам од пушењето?
Д-р Краг:Јас не би очекувал вашиот учител по ТМ некогаш да ви даде инструкции за откажување од пушењето. Тој ве подучува на техниката. Меѓутоа, со редовно практикување на техниката на Трансцендентална Медитација, јас очекувам дека вие едноставно нема да бидете толку заинтересирани за пушење. Само редовно медитирајте и видете што ќе се случува. Јас предвидувам дека ќе бидете пријатно изненадени.
Сакам да пијам две шолји кафе наутро. Ќе морам ли да престанам со цел да ја научам програмата на Трансцендентална Медитација?
Д-р Краг:Не, но јас ви препорачувам да пиете кафе по завршувањето на медитацијата. Со текот на времето може да откриете дека ви се намалила потребата од кафе или дека сакате помалку, не само во утринските часови, туку и во текот на денот.
Нашите медицински експерти
Џејмс Краг, доктор по медицина, е член на Американската психијатриска асоцијација, претседател на Друштвото на психијатри во Вирџинија и поранешен четиригодишен претседател на Здружението на заедницата на психијатри во Вирџинија. Тој во моментов е медицински директор на Либерти Поинт, установа за рехабилитација на адолесценти со психијатриски проблеми.
Роберт Шнајдер, доктор по медицина, член на Американскиот колеџ за кардиологија, е награден со повеќе од 20 милиони долари како признание од Националниот институт за здравство за неговите пионерски истражувања на природните пристапи кон болестите на срцето. Д-р Шнајдер е автор на Total Heart Health и уште 100 други медицински истражувачки статии. За него е пишувано во повеќе од 1000 медиуми, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и магазинот Тајм.