Социјални придобивки од Трансценденталната Медитација
Создавањето мир во светот не е причината поради која повеќето луѓе сакаат да научат да медитираат. Сепак, ова беше целта на Махариши кога за прв пат ја воведе Трансценденталната Медитација во 1958 година.
Махариши нагласи дека личниот мир е основна единица на светскиот мир, употребувајќи аналогија со која објаснува дека како што шумата не би била зелена без зелени дрвја, така и во светот не може да има мир без смирени поединци. Иако има многу искрени поединци посветени на каузата за мир, воспоставувањето на мир бара повеќе од едноставното усвојување на психолошките верувања во мирот. Тоа може да се постигне само преку трансформација на најдлабоките нивоа на човечкиот ум и преку соодветни промени во физиологијата. Махариши објаснува дека кога умот и телото се длабоко во мир, тогаш мислата, говорот и акцијата спонтано ќе зрачат хармонија во животната средина.