Политика на приватност
Здружениетo за примена на Трансцендентална медитација Скопје се обврзува да ја заштити и почитува Вашата приватност при посета и користење на нашата веб страница www.mk.tm.org (понатаму: „веб-страница"), и Вашиот интерес за Трансценденталната Медитација (понатаму: „ТМ"). Оваа политика на приватност и сите други документи наведени овде се основа врз која сите лични податоци кои ги добиваме од Вас, поврзани со веб-страницата или ТМ, ќе бидат обработени од наша страна. Ве молиме прочитајте внимателно за да ја разберете нашата политика за лични податоци и како ќе ги собираме, користиме и откриваме Вашите лични податоци.
1. ИНФОРМАЦИИ КОИ БИ МОЖЕЛЕ ДА ГИ ЗЕМЕМЕ ОД ВАС
Би можеле да ги земеме и обработиме следниве Ваши податоци:
Лични податоци добиени преку контакт формата, како на пример Вашето име, email адреса, телефон и причината за вашето барање.
Информациите за Вашето користење на веб-страницата и информациите собрани преку технологиите за следење (објаснети подолу) кои можат да Ве идентификуваат како индивидуа или да овозможат контакт со Вас како индивидуа.
Информации собрани преку технологиите за следење, како што се целосно опишани во делот под бр.
2. ДОВЕРЛИВОСТ И БЕЗБЕДНОСТ
Безбедноста на Вашите лични податоци е важна за нас. Ние ги следиме општо прифатените стандарди за да ги заштитиме личните податоци кои ги доставувате до нас. Вашите лични податоци не им ги откриваме на трети лица.
3. БИЛТЕНИ ИЛИ ДРУГИ ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ
Доколку се пријавите да добивате билтени или промотивни материјали на email, ќе ги користиме податоците кои сте ни ги дале за да Ви ги доставиме материјалите кои сте ги побарале.
Доколку нè информирате дека повеќе не сакате да добивате билтени или промотивни материјали на email, преку селектирање на „одјави се" (unsubscribe) опцијата која се наоѓа при самиот крај на материјалот или преку пратен email на eva.filipovska@tm.org, ќе Ве отстраниме од нашата email листа.
4. ТЕХНОЛОГИИ ЗА СЛЕДЕЊЕ
Здружениетo за примена на Трансцендентална медитација Скопје и нашите партнери за аналитика користат технологии како колачиња („cookies"), сигнали, тагови („tags") и скрипти за да овозможат следење на нашата веб-страница и механизмите преку кои сте пристапиле на истата, дали преку интернет пребарување, или преку реклами од трети лица како што се Facebоok или Google. Нашите партнери како трети лица може да користат технологии, како колачиња, за да соберат информации за Вашите активности на нашата веб страница и да ги користат за ремаркетинг, односно рекламирање на нашата веб-страница при ваша посета на други веб-страници. Ние во моментов не одговараме на сигналите за не-следење. За повеќе информации за реклами засновани на интерес, вклучувајќи и како да се откажете од информациите што ги собира интернет пребарувачот користени за рекламирање, посетете ја страницата www.aboutads.info/choices. Забележете дека ова целосно не ја одзема опцијата за добивање реклами. Може да продолжите да добивате генерички реклами на овие платформи на третите лица. Можете исто така да се откажете од примањето реклами преку Вашите уреди со прилагодување на Вашите преференции за рекламирање на Вашата сметка на Google.
Веб-страницата користи код на Google Analytics за собирање статистички информации. Google Analytics поставува колачиња за да ни помогне точно да го процениме бројот на посетители на веб-страницата и обемот на користење на веб-страницата. Ова е направено за да се обезбеди дека веб-страницата е достапна кога Вие ќе посакате и тоа што побргу. За повеќе информации за тоа како Google Analytics ги обработува овие информации, посетете ја страницата www.google.com/analytics.
5. КАДЕ ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Сите податоци кои ќе ни ги дадете преку веб страницата се чуваат на сигурни сервери. Доколку Ви дадеме (или сте избрале) лозинка за пристапување до одредени делови од нашата веб страница, должни сте да ја чувате, да не ја споделувате со никого и повремено да ја менувате.
За жал, преносот на информации преку Интернет не е потполно безбеден. Иако ќе направиме сè што можеме за да ги зачуваме Вашите лични податоци, не можеме да ја гарантираме нивната безбедност при преносот. Секој пренос на информации е на Ваш ризик. Штом ќе ги добиеме Вашите податоци, ќе ги користиме строгите безбедносни процедури за да спречиме недозволен пристап.
6. ПРИСТАП И БРИШЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
До Вашите лични податоци можете да пристапите во секое време преку праќање на електронска порака на eva.filipovska@tm.org.
За да побарате бришење на личните податоци, Ве молиме пратете ни порака на eva.filipovska@tm.org.
Ќе одговориме на Вашето барање во најбрзо можно време.
7. ЗА ШТО ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците кои ги имаме за Вас ги користиме за:
Да бидеме сигурни дека содржината на веб-страницата е презентирана на најефикасен начин за Вас, за Вашиот компјутер или друг уред.
Да Ви дадеме информации поврзани со Здружениетo за примена на Трансцендентална медитација Скопје кои сте ги побарале од нас, или мислиме дека би можеле да Ве интересираат, освен ако не сте побарале да не добивате такви информации.
Да Ви овозможиме комуникација со нашата служба за корисници.
Да ги извршуваме нашите обврски што произлегуваат од било кои договори склучени меѓу Вас и нас.
За да може да учествувате во интерактивните содржини на веб-страницата, кога Вие ќе одлучите да го направите тоа.
Да Ве известиме за промени на веб-страницата или новости за ТМ.
Да ги објавуваме нашите реклами преку платформи на трети лица, како што се Facebоok или Google, на други сајтови и апликации или преку вашите уреди.
Исто така би можеле да побараме од Вас да пополните прашалници кои би ги користеле за истражувачки цели, иако не е задолжително да ги пополните истите.
8. ЛИНКОВИ ДО ДРУГИ ВЕБ-СТРАНИЦИ
Веб-страницата може да содржи линкови до и од веб-страници на наши партнери, рекламни компании и соработници. Доколку пристапите до некоја од овие надворешни веб-страници, Ве молиме имајте предвид дека тие имаат своја политика на приватност и дека ние не преземаме одговорност за овие веб-страници и нивната политика. Ве молиме проверете ја политиката на приватност на надворешните веб-страници пред да им дадете лични податоци.
We may also disclose your personal information to third parties as follows:
9. ВИЏЕТИ ЗА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Нашата веб-страница вклучува виџети за социјални медиуми, како што се копчињата за Facebook и копчињата за споделување, или интерактивни мини-програми. Овие виџети би можеле да соберат податоци за Вашата интернет адреса, која интернет страна ја посетувате, и би можале да постават колаче со кое ќе овозможат виџетот да функционира правилно. Содржините и виџетите на социјалните медиуми се хостирани од страна на трети лица или се одржуваат директно на нашата веб-страница. Вашата интеракција со овие виџети е регулирана со политиката на приватност на компанијата која го овозможува нивното користење.
10. КОНТАКТ
Сите прашања, коментари и барања во врска со политиката на приватност се добредојдени и треба да се испраќаат на eva.filipovska@tm.org. Оваа Политика на приватност е ефективна и последно уредена на 17 октомври, 2017 година.