Махариши Махеш Јоги е широко познат како основач на Трансценденталната Медитација - и тој овозможи оваа техника да е достапна во светот денеска.
Инспириран од својот учител, Махариши започна со неговите предавања и учења низ целиот свет во 1957 година. Тој обучи учители речиси во сите земји и тоа доведе до формирање на непрофитни образовни организации чија цел е континуирано подучување на Трансцендентална Медитација насекаде низ светот.
Q: Прашање: Што е Трансцендентална Медитација?
Махариши::Трансценденталната Медитација е едноставна, природна програма за умот, едно спонтано, ненапорно движење на умот до неговата неограничена суштина. Преку Трансценденталната Медитација умот го равива својот потенцијал за неограничена свесност, трансцендентална свесност, Обединета Свест – живо поле на целиот потенцијал, каде што секоја можност му е природно достапна на свесниот ум. Свесниот ум станува свесен за сопственото неограничено достоинство, за својата неограничена суштина, за својот бесконечен потенцијал. Трансценденталната Медитација му овозможува на свесниот ум да го разбере целосниот спектар на сопственото постоење – активен и тивок, единечен и бесконечен. Трансценденталната Медитација не е збир на верувања, филозофија, животен стил или религија. Таа е искуство, ментална техника која се практикува по 15 или 20 минути секој ден.
Q:Прашање: Кои се придобивките од Трансценденталната Медитација?
Махариши: Научните истражувања со луѓе кои практикуваат Трансцендентална Медитација покажуваат дека медитацијата ги нормализира сите области од животот. Таа го намалува стресот, го подобрува здравјето, го збогатува менталното функционирање, ги подобрува односите со другите, ги зголемува работната продуктивност и задоволството од работата.
Q:Прашање: Ако техниката е толку природна, зошто треба да се научи?
Махариши: Преку инструкциите, умот, во активна состојба, учи да ги искуси сопствените помалку активни состојби, искусува постепено намалени активни состојби, и на крај станува свесен за трансценденталната состојба на свеста. Но, при изучувањето на медитацијата, мора да запомнеме дека на нашиот ум долго време му било дозволено да лута во сферата на знаењето, или моќта, или потрагата по среќа, затоа тој мора да научи како повторно да се спознае себеси. Поради тоа учењето на медитацијата е неопходно.
Q:Прашање: Што е просветлување?
Махариши:Просветлувањето е нормална, природна состојба на здравје за телото и умот. Доаѓа како резултат на целосниот развој на свесноста и зависи од совршеното и хармонично функционирање на секој дел од телото и нервниот систем. Кога некој го користи целосниот потенцијал на умот и телото на овој начин, секоја мисла и акција е спонтано исправна и го поддржува животот. Тоа е живот ослободен од страдање, живот живеен во неговата целосна големина и значение. Целта на техниката на Трансцендентална Медитација е просветлувањето. Тоа значи да ја искусиме внатрешната смиреност, таа тивка состојба на најмала возбуда, дури и кога сме динамично активни.
Живот заснован на природниот закон
Махариши работеше со истражувачи и едукатори за да ја интегрира безвременската мудрост за човечкиот развој со модерната наука. Практичните придобивки од Трансценденталната Медитација се универзални – може да ги уживаат луѓе од секоја култура или начин на живот, тие го помагаат растот на среќа и мир за сите.