Пронајдете го својот ТМ учител сега

Јавете се на 078 761 913 за да зборувате со сертифициран ТМ учител или пополнете го формуларот подолу за повеќе информации

Направете го првиот чекор сега

или контактирајте нè за да закажете состанок

Кликнете овде за нашата политика за приватност

Национален Директор - Ана Филиповска

AnnaReinholdt

на Филиповска научи ТМ на возраст од 14 години и стана учител по TM во април 2013 година. Нејзините родители и нејзината сестра, исто така, долг период практикуваат ТМ. Ана има дипломирано како Архитект инженер на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Таа го продолжи своето образование на MIU - Махариши Интернационален Универзитет во Холандија и се здоби со титулата Лиценциран Махариши Васту Архитект. Махариши Васту (Махариши Стапатја Веда) претставува древен систем за планирање и градење кој се базира на природниот закон. Ана предава ТM во Македонија и Норвешка, каде што исто така држи часови по Јога Асани, предавања и курсеви за продлабочено знаење од областа на Ведите. Ана е фасцинирана од Махариши Ајурведа , древен и природен здравствен систем кој се базира на превенција и се има здобиено со длабоки теориски знаења но исто така и со практична апликација. Целта на Ана е да ја подигне колективната свест на лугето со тоа да го зголеми квалитетот на животот.

Сертифициран учител - Ева Филиповска

Ева Филиповска ја научи техниката на ТM на 19 годишна возраст. Има дипломирано на Филолошкиот Факултет во Скопје, при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, на одделот за Германски јазик и книжевност. По девет годишно работно искуство во бизнис секторот, поточно во една од водечките индустрии за автомобилски делови во Македонија, решава да стане сертифициран учител по ТM, инспирирана од своите родители и сестра, како и од своето сопствено искуство за придобивките од оваа техника. Курсот за учители по ТM успешно го завршува во Февруари 2017 година, и моментално држи предавања и курсеви во Центарот за примена на ТM во Скопје, Македонија. Има желба да го продлабочи и збогати своето познавање за Ведската наука, и нејзината цел е што повеќе луѓе да ја научат техниката на Трансцендентална медитација во Македонија за да можат да уживаат во придобивките на секој план во животот, за целосен развој на сопствениот потенцијал на едноставен и природен начин.

Ева Филиповска