Пронајдете го својот ТМ учител сега

Контактирајте еден од сертифицираните учители по ТМ подолу или пополнете го формуларот за повеќе информации.

Национален Директор - Ана Реинхолдт

Ana Reinholdt

Ана Реинхолдт научи ТМ на возраст од 14 години и стана учител по TM во април 2013 година. Нејзините родители и нејзината сестра, исто така, долг период практикуваат ТМ. Ана има дипломирано како Архитект инженер на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Таа го продолжи своето образование на MЕРУ - Махариши Европски Истражувачки Универзитет во Холандија и се здоби со титулата Лиценциран Махариши Васту Архитект. Махариши Васту (Махариши Стапатја Веда) претставува древен систем за планирање и градење кој се базира на природниот закон. Фасцинирана од древната Ведска Наука, таа одлучи да го продлабочи своето образование со мастерски студии на МИУ -Махариши Интернационален Универзитет во Америка во област: Махариши Ведска Наука, Свест и Целосен Човечки Развој. Таа исто така е сертифициран коуч за свест и лиценциран експерт за лекување со помош на Махаришиевата светлосна терапија со скапоцени камења. Ана ги нуди овии услуги во Северна Македонија и Норвешка, каде што исто така држи часови по Ведски танц во стилот Катак, предавања и курсеви за продлабочено знаење од областа на Ведите. Ана е фасцинирана од Махариши Ајурведа, древен и природен здравствен систем кој се базира на превенција и се има здобиено со длабоки теориски знаења но исто така и со практична апликација. Целта на Ана е да ја подигне колективната свест на лугето со тоа да го зголеми квалитетот на животот.
За повеќе информации или разговор, јавете се на Ана Реинхолдт:
+389 78 334 333

Сертифициран учител - Ева Филиповска

Ева Филиповска научи Трансцендентална медитација на 18 годишна возраст. Има диплома од Филолошкиот Факултет во Скопје, при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, на одделот за Германски јазик и книжевност. По девет годишно работно искуство во бизнис секторот, решава да стане сертифициран учител по Трансцендентална Медитација. Курсот за учители по Трансцендентална Медитација успешно го завршува во Февруари 2017 година. Веднаш потоа, започна да држи предавања и курсеви во Центарот за примена на Трансценденталната Медитација во Скопје, Северна Македонија. Во Мај, 2019 година се сели во САД, каде го води ТМ центарот во Пенсакола, Флорида. Водена од длабоката желба за холистичко здравје, во Јуни 2023 година, Ева станува Магистер по науки, во областа на Махариши Ајурведа и Интегративна медицина. Веднаш потоа започнува да работи во Клиниката за Махариши АјурВеда и Интегративна медицина во Ферфилд, Ајова и продолжува да држи ТМ курсеви локално. Ева е целосно посветана да го продлобочи своето знаење во Ведските науки. Нејзината цел е да ја направи ТМ што подостапна, во Македонија и во светот, водена од желба да им помогне на луѓето да ги искусат исклучителните придобивки од ТМ и да им овозможи да го отклучат својот целосен потенцијал на едноставен, природен начин.
За повеќе информации или разговор, јавете се на Ева Филиповска:
+389 78 236 775

Ева Филиповска

Сертифициран учител - Мартина Сотировска

Daisies

Мартина е двоен магистер по право. Откако магистрираше деловно право на Универзитетот Св. Кирил и Методиј" во Скопје, Македонија, таа доби втор магистер по човекови права и меѓународно право на најпрестижниот Правен факултет во континентална Европа – Универзитетот во Фрибург во Швајцарија. Преку сопствената практика и искуство, таа откри дека програмата за трансцендентална медитација е најдлабокиот начин за природно исполнување на сите човекови права. Кога едно лице е исполнето во секој аспект од својот живот, тој или таа спонтано ја достигнува целта на секое човеково право - а тоа е да го реализира својот целосен човечки потенцијал - и со тоа максимално да придонесува со секоја своја мисла и акција за идеално општество, хармонија меѓу народите и постојан светски мир.
За повеќе информации или разговор, јавете се на Мартина:
+389 72 520 058

Направете го првиот чекор сега

или контактирајте нè за да закажете состанок

Кликнете овде за нашата политика за приватност