|
Официјална веб-страница за Македонија
Докторите Чаудари, Молина, Шнајдер и Каплан одговараат на вашите прашања за дијабетесот, излагајќи ги придобивките од Трансценденталната Медитација.
Др. Сандип Чаудари: Ако на дијабетесот гледаме како на процес во кој болеста се манифестира во неколку фази, во почетните фази на болеста личноста развива отпорност на инсулин. Тоа значи дека вашиот инсулин не дејствува ефикасно како што би требало, а како последица на тоа шеќерот во крвта почнува да расте.
Втората последица е панкреасот кој во текот на неколку децении од животот се преморува и започнува да лачи сè помалку и помалку инсулин. Вам ви треба повеќе инсулин, но панкреасот не може да го создаде. Всушност, панкреасот полека почнува да откажува, бидејќи се преморил со текот на годините.
Истражувањето објавено во „Архивите на интерната медицина" во 2006 година, покажа дека практикувањето на техниката на Трансцендентална Медитација може да помогне во почетните фази на болеста, со намалување на отпорноста на инсулин. Иако на вашиот панкреас му била нанесена штета низ годините на развивање на дијабетес, тоа не значи дека не може да ви се помогне.
Др. Шнајдер: Стрес хормоните, како што се кортисол, адреналин и норадреналин, ги влошуваат нивоата на инсулин и гликоза. Намалувањето на овие неврохормони преку техниката на Трансцендентална Медитација помага за хармонизирање на инсулинот и гликозата во крвта. Ова хармонизирање помага да се нормализира метаболниот синдром и дијабетесот.
Др. Сандип Чаудари: Да, стресот ја има истата улога како и кај проблемот со дебелината. Кога сте под стрес, тежнеете кон повисоко ниво на кортисол, кој пак ја зголемува отпорноста на инсулин. Исто така тежнеете кон погрешна храна, претерано јадете и јадете доцна во ноќта бидејќи луѓето кои се анксиозни имаат проблеми со спиењето.
Јадењето доцна навечер е лошо за дијабетичарите, бидејќи во 3 часот наутро во организмот доаѓа до природен, пет минутен пораст на хормонот за растење. Тоа води до привремено зголемување на отпорноста на инсулин, а последователно на тоа се покачува шеќерот во крвта. Ако сте јаделе на полноќ, шеќерот може уште повеќе да се покачи поради ефектот на хормонот на растење. Сето ова ја намалува ефикасноста на лековите. Затоа е многу важно да се контролираат стресот и анксиозноста кога личноста се лекува од дијабетес.
Како што покажаа истражувањата, техниката на Трансцендентална Медитација помага за намалување на стресот и нормализирање на спиењето, па личноста во текот на ноќта спие и не јаде доцна поради стрес или анксиозност.
Др. Молина: Бидејќи техниката на Трансцендентална Медитација е техника за намалување на стресот, и бидејќи дијабетесот може да се влоши поради физиолошкиот и психолошкиот стрес, логично е дека редовното практикување на техниката на Трансцендентална Медитација може да ја подобри способноста за контролирање на дијабетесот.
Др. Молина: Стресот е неспособност на физиологијата да задржи стабилна, хармонична состојба или рамнотежа. Техниката на Трансцендентална Медитација покажа дека ги подобрува неврофизиолошките врски, со што се зголемува капацитетот на физиологијата за враќање во стабилна состојба во ситуации кога се соочува со некој предизвик. Тој предизвик може да биде резултат на емоционален или физички стрес, или неправилност во секојдневната рутина. Преку зголемувањето на капацитетот на телото да се врати во рамнотежа, техниката на Трансцендентална Медитација ги намалува ефектите од стресот кој е важен ризик фактор за зголемената стапка на дијабетес, атеросклероза и многу други заболувања.
Др. Сандип Чаудари: Ако некој јаде здрава храна, како што се сложените јаглехидрати, здравите протеини и варен зеленчук богат со влакна, неговиот панкреас нема да биде преоптоварен и ќе лачи помалку инсулин.
Од друга страна, ако јаде брза храна, шеќерот многу ќе се покачи, па панкреасот ќе мора дополнително да работи за да го падне нивото на шеќер во крвта.
Др. Сандип Чаудари: Истражувањето за отпорноста на инсулин, објавено во „Архивите на интерната медицина" во 2006 година, покажа дека практикантите на програмата на Трансцендентална Медитација искусиле значително намалување на отпорноста на инсулин, мерена според HOMA (метод на мерење на отпорноста на инсулин и нивото на инсулин кај поединецот).
Луѓето со постабилно ниво на шеќер во крвта имаат повеќе енергија, додека луѓето кои имаат високи осцилации на шеќерот, во текот на денот чувствуваат замор и намалена ментална јасност. Медитацијата може да ги намали осцилациите на шеќерот во крвта. Ако правилно се лекува, пациентот со дијабетес може подобро да се концентрира и подобро да го помине денот, но тоа е само на биохемиско ниво. Со техниката на Трансцендентална Медитација, поединецот може да направи промени на фундаментално ниво.
Техниката на Трансцендентална Медитација создава хармонија на најдлабокото ниво на физиологијата – нивото на самата свест. Кога здравствената интервенција дејствува на толку длабоко ниво, таа создава уште подлабоки промени и на целокупната човечка физиологија.
Преку намалувањето на стресот и анксиозноста, техниката на ТМ води не само до подобар избор на храна, туку и до поефикасно користење на храната која се внесува во телото.
Др. Сандип Чаудари: Треба да го следите советот на вашиот доктор. Истражувањето покажува дека ако личноста практикува Трансцендентална Медитација и почне поздраво да се храни, генерално ќе ѝ требаат помалку лекови. Можете да започнете со практикување на техниката на Трансцендентална Медитација и да ја следите потребата од инсулин под водство на вашиот доктор.
Имав пациентка која долги години имаше дијабетес и примаше многу лекови. Таа започна со техниката на Трансцендентална Медитација, направи неколку третмани за ослободување на отровите од телото и почна со поздрава исхрана. На почетокот резултатите од тестот за нивото на шеќер покажуваа 9, што е релативно високо ниво, но подоцна тоа ниво падна на 7, што е идеално за дијабетичари.
Според моето искуство, кога луѓето започнуваат со техниката на ТМ и почнуваат подобро да ги разбираат потребите на телото, тие спонтано почнуваат да јадат поздрава храна.
Др. Шнајдер: Многу луѓе можеби ќе можат да ја избегнат потребата од лекови или да ја намалат дозата. Како и обично, продолжете да ја следите вашата состојба под надзор на квалификувано медицинско лице.
Др. Каплан:Денеска имаме доказ од една добро контролирана научна студија, објавена во Архивите на интерната медицина во 2006 година, дека техниката на ТМ може да ги намали компонентите на метаболниот синдром кој е главна причина за нарушено здравје и прерана смрт. Пациентите кои страдаат од метаболен синдром најчесто имаат прекумерна телесна тежина, висок крвен притисок, зголемено ниво на шеќер и триглицериди и низок ХДЛ (добар) холестерол.
Др. Сандип Чаудари: Да. Дијабетесот е наследен и повеќето луѓе со дијабетес тип 2 имаат членови на семејството со истата болест. Како нација, ние имаме сè повеќе проблеми со дебелината, и поради тоа секоја следна генерација има поголема отпорност на инсулин од претходната. Ова е една од причините за сè почестата појава на дијабетес тип 2 кај децата.
Ако на ова ја додадеме и нашата навика да јадеме брза храна, да правиме премалку физички вежби и да живееме стресен живот, добиваме нација која има сè повеќе проблеми со дебелината и сè повисока стапка на дијабетес тип 2.
Трансценденталната Медитација може многу да помогне во овој поглед. Ако луѓето го намалат стресот и два пати дневно се во склад со својата сопствена личност, можеби ќе станат свесни за тоа дека откако ги намалиле анксиозноста и стресот, јадат помалку, или ќе почнат да размислуваат за прошетка во природа наместо да седат пред телевизор. Кога ќе почнете да размислувате на овој начин, многу од овие проблеми почнуваат да се решаваат.
Др. Молина: Практикувањето на техниката на Трансцендентална Медитација, дури и во краток временски период, се покажа дека е поврзано со намалувањето на отпорноста на инсулин и намалувањето на шеќерот во крвта, а со тоа и со намалување на ризик факторите за дијабетес.
Докторите Чаудари, Молина, Шнајдер и Каплан, експерти за дијабетес и за придобивките од Трансценденталната Медитација.
Сандип Чаудари, доктор по медицина, добил двојна диплома за интерна медицина и педијатрија на Медицинскиот факултет при Универзитетот Лома Линда, а подоцна добил и диплома за ендокринологија на Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего. Во моментов тој е директор на ендокринологија во Спомен болницата Скрипс во Ла Јола, Калифорнија.
Цезар Молина, доктор по медицина, член на Американскиот колеџ за кардиологија, е медицински директор на Центарот за срце Јужна Азија, во болницата Ел Камино во Маунтин Вју, Калифорнија. Тој дипломирал на Универзитетот Јеил, на Медицинскиот факултет, и е член на Американскиот колеџ за кардиологија. Д-р Молина неодамна се појави во меѓународното издание на Си-Ен-Ен каде дискутираше за придобивките на исхраната и вежбањето во лекувањето и превенцијата на коронарната срцева болест.
Роберт Шнајдер, доктор по медицина, член на Американскиот колеџ за кардиологија, е награден со повеќе од 20 милиони долари како признание од Националниот институт за здравство за неговите пионерски истражувања на природните пристапи кон болестите на срцето. Д-р Шнајдер е автор на „Потполно здраво срце" и уште 100 други медицински истражувачки статии. За него е пишувано во повеќе од 1000 медиуми, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и магазинот Тајм.
Гери П. Каплан, доктор по медицина и филозофија, е невролог и вонреден професор по клиничка неврологија на Медицинскиот факултет при Универзитетот Хофстра. Добитник е на наградата Алберт Х. Даглас која му ја додели Здравствената организација на државата Њујорк за исклучителни достигнувања во промовирањето и подобрувањето на образованието на лекарите.