Трансцендирањето е основата за просветлување
Вообичаено во текот на денот, ние го доживуваме интензивното и активното секојдневно ниво на размислување. Кога практикуваме Трансцендентална Медитација, доживуваме состојба во која умот е целосно мирен, а сепак широко буден.
Трансцендира значи "оди преку", и трансцендентална состојба имаме кога умот оди, преминува преку секоја активност. Тоа е доживување на внатрешното Себство, искуство на совршен мир.
Трансцендирањето е природно и универзално искуство, познато на сите култури, но сепак, тоа се случува ретко и најчесто случајно. Трансценденталната Медитација обезбедува систематски метод за трансцендирање кој што секој може да го практикува.
Без искуството на трансцендирање, ние имаме пристап само до константно променливата фаза на животот. Нашите мисли, емоции, планови, сеќавања - сè постојано се менува. Според тоа, не треба да нè чуди тоа што сè повеќе се чувствуваме разделени и изолирани од непроменливиот внатрешен квалитет на животот - Себството.
Луѓето често кажуваат дека откако научиле Трансцендентална Медитација, се чувствуваат поповрзани, дека се едно со себе си, поисполнети и посреќни.