Официјална веб-страница за Македонија
Стресот и мозокот
Како може Трансценденталната Медитација да го намали стресот и да ги подобри мозочните функции.
Мозок на човек под стрес
Мозок на човек што медитира
Како стресот му штети на мозокот
Стресот, притисокот од средината, заморот, лошата исхрана, алкохолот и дрогата ги оштетуваат нервните врски меѓу префронталниот кортекс на мозокот, или симболично наречен „генерален директор", и остатокот на мозокот. Кога сте премногу уморни, или сте под силен ментален или физички стрес, мозокот ги заобиколува своите повисоки, повеќе еволуирани, рационални фронтални делови. Следствено на тоа, на секојдневните обврски реагирате без размислување и носите импулсивни, кратковидни одлуки. Кога „генералниот директор" ќе се исклучи, силните емоции, како што се стравот и лутината, ја преземаат контролата и негативно го обојуваат вашиот поглед на светот.
Како Трансценденталната Медитација го оптимизира мозокот
Нерелигиозната техника на Трансцендентална Медитација за ослободување од стресот овозможува искусување на мирна будност која го намалува стресот, ја зајакнува комуникацијата меѓу префронталниот кортекс и различните делови од мозокот и развива потполно функционирање на мозокот. Како резултат на тоа, практикантите на Трансцендентална Медитација покажуваат посилни извршни функции, подлабоко размислуваат и носат далековидни одлуки. Кога префронталниот кортекс на мозокот е целосно вклучен, емоционалната реакција кон сè што ни се случува е посоодветна и похармонична.
Слаби извршни функции
- Плитко размислување
- Импулсивно однесување
- Носење кратковидни одлуки
- Слаба меморија
- Расеано внимание
- Злоупотреба на дрога и алкохол
- Неетичко размислување и однесување
Силни извршни функции
- Флексибилно размислување насочено кон некоја цел
- Неимпулсивно, проактивно однесување
- Носење далековидни одлуки
- Одлична работна меморија
- Фокусирано внимание
- Нема злоупотреба на дрога, алкохол или други зависности
- Етичко размислување и однесување
Физиологија под дејство на стрес
- Замор
- Висок крвен притисок
- Пореметувања во исхраната и сонот
- Слаб имунолошки систем
Здрава физиологија
- Енергија и виталност
- Кардиоваскуларниот систем е во одлична форма
- Хармонична физиологија
- Силен имун систем
Нехармонични емоции
- Ниско самопочитување и самодоверба
- Грижи, неспокој и стравови
- Површни, непријатни емоции
- Нестабилни односи со другите
- Депресија
Научно Истражување
Хармонични емоции
- Самодоверба и самопочитување
- Чувство на сигурност и спокој
- Сочувство и емпатија кон другите
- Здрави меѓучовечки односи
- Среќа и оптимизам