|
Официјална веб-страница за Македонија
Докторите Молина и Шнајдер одговараат на вашите прашања во врска со мозочниот удар и како Трансценденталната Медитација може да помогне во спречување и закрепнување.
Д-р Молина: Трансценденталната Медитација покажа дека ја намалува атеросклерозата на каротидната артерија, (задебелување на каротидната артерија). После хипертензијата, атеросклерозата на каротидната артерија е еден од првите три ризични фактори за мозочен удар. Трите топ ризични фактори се: висок крвен притисок, атријална фибрилација и каротидна атеросклероза. Програмата на Трансценденталната Медитација исто така се покажа одлична во намалување на хипертензијата.
Д-р Молина: Всушност, јас ја препорачувам техниката на Трансцендентална Медитација на секој, затоа што не мора да бидете болен за да медитирате.
Има студии кои покажуваат дека техниката на Трансцендентална Медитација ја зголемува долговечноста и ја намалува кардиоваскуларната смрт, во споредба со контролните групи кои не правеле ништо, редовно добивале медицинска нега и практикувале други техники за релаксација. Исто така техниката на ТМ ги намалува ризичните фактори за срцеви заболувања и мозочен удар.
Техниката на Трансцендентална Медитација е многу едноставна ментална техника и кога се практикува редовно го намалува крвниот притисок и ги подобрува невро - физиолошката интеграција и интеграцијата на ендокриниот систем. Поради тоа, таа е процес преку кој може да го намалите високиот крвен притисок, да ја намалите атеросклерозата, и во исто време да станете повеќе будни, бистри и весели.
Д-р Молина: Мозочниотудар е важен ризичен фактор за добивање на последователни удари. Практикување на техниката на Трансцендентална Медитација, заедно со препораките на вашиот лекар (анти - тромбоцитни лекови, лекови за намалување на холестеролот и намалување на хипертензијата), може да ги намалат шансите за уште еден удар.
Д-р Шнајдер: Истражувањата покажуваат дека практикувањето на програмата на Трансценденталната Медитација ги намалува ризичните фактори за повторен мозочен удар, како што е високиот крвен притисок. Практикувањето ТМ може да помогне за закрепнување после мозочен удар поради нејзините ефекти на зголемување на интеграцијата на мозокот и менталното функционирање. На пример, професорот Љубимов, член на Руската академија за медицински науки, откри дека техниката на Трансцендентална Медитација го оживува резервениот капацитет на мозокот, што резултира со подобрена брзина и ефикасност на координацијата на мозокот и телото.
Д-р Шнајдер: Техниката на Трансцендентална Медитација го намалува ризикот од мозочен удар со намалување на атеросклерозата и ризичните фактори за кардиоваскуларни болести. Ризичните фактори за мозочен удар во основа се исти како ризичните фактори за коронарна артериска болест, вклучувајќи атеросклероза, висок холестерол и метаболичен синдром.
Научни истражувања
Цезар Молина, доктор по медицина, член на Американскиот колеџ за кардиологија, е медицински директор на Центарот за срце Јужна Азија, во болницата Ел Камино во Маунтин Вју, Калифорнија. Тој дипломирал на Универзитетот Јеил, на Медицинскиот факултет, и е член на Американскиот колеџ за кардиологија. Д-р Молина неодамна се појави во меѓународното издание на Си-Ен-Ен каде дискутираше за придобивките на исхраната и вежбањето во лекувањето и превенцијата на коронарната срцева болест.
Роберт Шнајдер, доктор по медицина, член на Американскиот колеџ за кардиологија, е награден со повеќе од 20 милиони долари како признание од Националниот институт за здравство за неговите пионерски истражувања на природните пристапи кон болестите на срцето. Д-р Шнајдер е автор на „Потполно здраво срце" и уште 100 други медицински истражувачки статии. За него е пишувано во повеќе од 1000 медиуми, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и магазинот Тајм. .