|
Официјална веб-страница за Македонија
Доктор Сандип Чаудари одговора на вашите прашања во врска со проблемите со тежината, излагајќи ги придобивките на Трансценденталната Медитација.
Д-р Сандип Чаудари: Многу луѓе имаат проблеми да ги контролираат гладот и апетитот и науката објаснува дека постојат хормонски причини за тоа. Лачењето на многу од овие хормони е директно предизвикано од стресот. Кога е под стрес човекот ја губи природната интуиција за тоа што му треба на негово тело, а што не. Техниката на Трансцендентална Медитација им овозможува на луѓето да развијат состојба на ментална и физичка рамнотежа, со што кај човекот се јавува природна желба за храна која му е потребна на телото. Кога телото го добива тоа по што копнее, човекот има побалансиран апетит.
Д-р Сандип Чаудари: Стресот игра важна улога во предизвикувањето на дебелината. Хормонот кортизон на пример се ослободува како реакција на стресот. Кортизонот ја зголемува отпорноста на инсулин, а инсулинот е хормон кој предизвикува дебелеење и одржување на тежината. Кога вашето тело ја зголемува отпорноста на инсулин, тоа мора да лачи повеќе инсулин за да ја преработи храната што се консумира. Значи, ако имате поголеми нивоа на кортизон, тогаш сте поотпорни на инсулин, а тој пак предизвикува зголемување на телесната тежина. Неколку студии покажаа дека техниката на Трансцендентална Медитација, преку намалување на стресот, предизвикува намалување на основните нивоа на кортизонот.
Д-р Сандип Чаудари: Да, се разбира, она што го јадете и квалитетот на храната која ја јадете се многу, многу важни за вашето здравје. Меѓутоа, кога луѓето доживуваат пониски нивоа на стрес, тие се поспособни да изберат количество на храна кое ќе ги задоволи нивните природни метаболични потреби. Истражувањето покажа дека програмата на ТМ е најефективната техника за справување со стресот.
Д-р Сандип Чаудари: Јас не мислам дека во прашање е спротивставување на гладот, бидејќи кога луѓето почнуваат да му се спротивставуваат на нешто, нивното внимание уште повеќе се насочува кон тоа нешто и тие уште повеќе го посакуваат. Најчестиот проблем кој го забележале луѓето кои имаат проблеми со тежината е тоа дека кога се на диета кај нив се јавува многу силна желба за храната која се обидуваат да ја избегнат. Јас би рекол дека техниката на ТМ ја намалува потребата за спротивставување на гладот со создавање на побалансиран апетит и развивање на свест за вистинските потреби на поединецот. Ова резултира со природно намалување на количеството на внесена храна. Техниката на ТМ го намалува стресот на поединецот и создава поголема рамнотежа на неговото тело и ум, така што тој спонтано почнува да јаде храна која е добра за него, во вистинско време од денот, во правилни количини, без да има потреба да му се спротивставува на гладот.
Д-р Сандип Чаудари: Да, апсолутно. Истражувањето покажува дека истото се случува и со други штетни навики, како што е пушењето. Многу луѓе кои започнале да ја практикуваат техниката на Трансцендентална Медитација спонтано се откажале од пушењето наместо да земаат никотински лепенки. На сличен начин личноста може спонтано и природно да престане со некои однесувања, како што е прејадувањето, кои не се во согласност со она што му е потребно на телото.
Сандип Чаудари, доктор по медицина, добил двојна диплома за интерна медицина и педијатрија на Медицинскиот факултет при Универзитетот Лома Линда, а подоцна добил и диплома за ендокринологија на Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего. Во моментов тој е директор на ендокринологија во Спомен болницата Скрипс во Ла Јола, Калифорнија.