Официјална веб-страница за Македонија
Трансценденталната медитација природно го намалува стресот
Стресот е дел од животот – но не мора да биде.
Секој од нас е свесен за негативните ефекти на стресот. Тој ги намалува нашите можности за ефективност, ги нарушува меѓучовечките односи и доведува до забрзано стареење. На кратко, стресот го намалува уживањето во животот. Уште повеќе, има тенденција на акумулирање во нашиот систем во текот на животот. Дури ни добриот сон, ни продолжениот одмор, не ни овозможуваат целосно да се опоравиме од стресот.
Хормоните и однесувањето 1978 10(1):54-60
Создавање на хармонизиран поглед на свет
И способноста за справување со стресни ситуации
Бидејќи секој поединец е различен, ефектите на хармонизација од Трансценденталната Медитација може да донесат различни придобивки кај различни луѓе, како што се поретки главоболки, подобар сон, зголемена енергија или подобрување на односите со другите. Како и да е, една придобивка која се јавува кај повеќето луѓе е подоброто справување со стресни ситуации по применувањето на Трансценденталната Медитација.
Истражувања за стресот
Докторите и научните истражувачи ве информираат за тоа како Трансценденталната Медитација ги зголемува менталната благосостојба, здравјето и долговечноста, а истовремено го намалува однесувањето кое му штети на здравјето.