Злоупотреба на дрога кај адолесцентите

Др. Стиксруд одговара на прашањата за злоупотребата на алкохол и дрога, излагајќи ги придобивките од Трансценденталната Медитација за намалување на зависноста.

Дали се соочуваме со зголемување на злоупотребата на дрога и алкохол кај децата и адолесцентите?

Др. Стиксруд: Еден од големите проблеми поврзани со стресот со кој се соочуваат младите луѓе е злоупотребата на дрога и алкохол. Има значителни промени во моделот на пиење кај адолесцентите во изминатите неколку години, вклучувајќи и прекумерно пиење со цел да се онесвестат.

Кога пред 30 години бев на колеџ, младите обично пиеја за забава. Денес пијат за да заборават.

Злоупотребата на алкохол се должи на стресот?

Др. Стиксруд: Знаеме дека луѓето пијат за да го намалат стресот, и токму поради тоа постои добар доказ дека техниката на Трансцендентална Медитација е исклучително ефективна за превенција и лекување на зависноста.

Стресот не само што ги прави младите луѓе поранливи и склони кон дрога и алкохол, туку се чини и дека хормоните на стресот реагираат со алкохолот и дрогата правејќи ги уште поефикасни и пријатни. Ако сте под стрес, поголема е веројатноста да користите алкохол и недозволени супстанции, а исто така и навистина да уживате во тие супстанции поради интеракцијата меѓу нив и хормоните на стресот. Тоа е ужасен нож со две оштрици.

Како можам да ги заштитам моите деца од злоупотреба на дрога и алкохол?

Др. Стиксруд: Веројатно не постои начин на кој секој човек ќе биде заштитен од проблемите со дрога и алкохол, но сметам дека учењето на децата да практикуваат ТМ може да помогне. Со практикувањето на Трансцендентална Медитација, тинејџерите ќе научат сами да се ослободат од стресот и да најдат внатрешен мир и среќа. Ова е често искуство кај медитантите низ целиот свет, вклучувајќи ги и младите луѓе. Кога умот се смирува, тој мир е многу пријатен. Постои едно истражување за примената на ТМ за превенција и третирање на зависноста од хемиски супстанции кај возрасните, и нема причина да мислиме дека ова истражување не е релевантно и за адолесцентите.

Изгледа дека алкохолот и дрогата многу повеќе им штетат на адолесцентите отколку на возрасните.

Др. Стиксруд: Точно така. Кога пред десет години стана јасно дека мозокот кај адолесцентите сè уште се развива, и тоа со голема брзина, научниците помислија: „Мораме ова да го проучиме бидејќи знаеме дека алкохолот има ужасен ефект врз развојот на мозокот на фетусот. Каков ефект ќе има кај мозокот на адолесцентите?"

Денес има консензус во мислењето дека штетата од алкохолот врз мозокот е загрижувачка. Алкохолот има многу поштетен ефект врз мозокот на адолесцентите, отколку на возрасните. Мислам дека ќе видиме драстични промени во размислувањето, па ако пред извесно време размислувавме „Сите пијат, не е ништо страшно", сега ќе размислуваме дека мора да го заштитиме мозокот на адолесцентите од штетните ефекти на дрогата и алкохолот.

На Трансценденталната Медитација гледам како на алатка за заштита, бидејќи ја контролира реакцијата на стрес. ТМ исто така им овозможува на луѓето да искусат внатрешна среќа, мир, самозадоволство и ослободување од стресот, а тоа се нештата кои многу деца ги бараат во дрогата и алкохолот.

Научни истражувања

Подобрена интелигенција, креативност и способност за учење

Криминални, економски и социјални трендови

Интеграција на личноста

 

Вилијам Стиксруд, доктор по филозофија

Вилијам Стиксруд, доктор по филозофија, е клинички невропсихолог и директор на „Вилијам Стиксруд и соработниците" во Силвер Спринг, Мериленд, група на практиканти која е специјализирана за пореметувања во учењето, вниманието, и социјални/емоционални пореметувања. Д-р Стиксруд е хонорарен инструктор во Детскиот национален медицински центар во Вашингтон.