|
Официјална веб-страница за Македонија
Докторите Роберт Шнајдер и Гери П. Каплан одговараат на вашите прашања за конгестивната срцева слабост и за тоа како Трансценденталната Медитација може да помогне.
Др. Шнајдер: Конгестивната срцева слабост, или срцевата слабост, е крајниот резултат на многуте форми на болести на срцето, како што се коронарната или хипертензивната срцева болест. Срцевата слабост убива 300 000 луѓе годишно во САД и во текот на изминатите пет години има стапка на смртност од 50 %.
Конгестивната срцева слабост многу тешко се третира со лекови, па дури и со оперативен зафат. Меѓутоа, истражувањата за техниката на Трансцендентална Медитација, спроведени на Универзитетот во Пенсилванија, покажаа дека лицата кои примаат вообичаена терапија за срцева слабост, а притоа во својата рутина додаваат и дваесет минутно дводневно практикување на Трансцендентална Медитација, имаат значително подобрување на срцевата слабост, што се покажа преку зголемениот функционален капацитет. Поврзани научни истражувања
Др. Шнајдер: Да. Во студијата за конгестивна срцева слабост за која зборувавме погоре, истите лица покажаа подобрување на квалитетот на животот и ментално здравје во прилог на подобрување на физичкиот капацитет на функционирањето на срцето, што се покажа преку значителното намалување на депресијата кај практикантите на Трансцендентална Медитација, во споредба со останатите медитативни техники.
Ова покажува дека додавањето на ефикасна програма за интервенција на умот и телото на вообичаениот медицински третман резултира со значително подобрување на физичкото и менталното здравје кај пациентите со срцева слабост. Ова е значајно медицинско откритие кое може многу лесно да се спроведе на поширока основа. Поврзани научни истражувања
Др. Каплан: Една неодамнешна студија, објавена во „Етничката припадност и болестите", покажа подобрување во мерењата на конгестивната срцева слабост, вклучувајќи и поголема способност за физички вежби, по само три месеци редовно практикување на техниката на ТМ. Поврзани научни истражувања
Научни истражувања
Роберт Шнајдер, доктор по медицина, член на Американскиот колеџ за кардиологија, е награден со повеќе од 20 милиони долари како признание од Националниот институт за здравство за неговите пионерски истражувања на природните пристапи кон болестите на срцето. Д-р Шнајдер е автор на „Потполно здраво срце" и уште 100 други медицински истражувачки статии. За него е пишувано во повеќе од 1000 медиуми, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и магазинот Тајм.
Гери П. Каплан, доктор по медицина и филозофија, е невролог и вонреден професор по клиничка неврологија на Факултетот за медицина во Њујорк. Добитник е на наградата Алберт Х. Даглас која му ја додели Здравствената организација на државата Њујорк за исклучителни достигнувања во промовирањето и подобрувањето на образованието на лекарите.