Подобрување на односите

Трансценденталната Медитација придонесува за поуспешни и поисполнети односи и ја зголемува нашата способност да даваме повеќе, на позитивен начин.

Сите успешни врски се базираат на давање. Но ние можеме да го дадеме само она што го имаме. Често на крајот од напорниот ден нашите резерви на енергија се исцрпени и не останало ништо за пријателите и семејството. Личните односи неизбежно страдаат.

Трансценденталната Медитација ги намалува стресот и напнатоста, главните пречки за добра комуникација, и развива позрела и толерантна личност. Откриено е и дека ТМ развива поширока свесност, поголема среќа, префинети чувства и емоции. Сето ова резултира во попозитивна и потопла личност способна да ужива во подлабоки лични односи и побогат личен живот.

Анксиозност, стрес и копирање: Интернационално списание 1993 6:245–262

Подобрување на работата и личните врски

Една студија со директори и работници во автомобилската индустрија покажа дека после три месечна редовна практика на Трансцендентална Медитација, вработените покажаа подобрување на работата и на личните врски, во споредба со другите медитативни техники.

Грижете се прво за себе

Неколкуте минути потрошени секој ден за грижа за себе со практикување на Трансцендентална Медитација, ја зголемува нашата способност да одговориме на потребите на семејството, пријателите и колегите.
Преку овој едноставен процес на дозволување на умот да се смири во потивки нивоа и да искуси состојба на мирна будност каде телото е длабоко одморено и умот целосно буден, длабоко вкоренетиот стрес и замор се разложуваат на природен начин.
Оваа уникатна состојба произведува многу високи нивоа на кохерентност или уредност во функционирањето на мозокот, што резултира во искуство на зголемен мир, хармонија, ментална јасност и способност работите да се гледаат во перспектива. Со додавање на смирувачкото искуство од техниката на Трансцендентална Медитација во вашата секојдневна рутина, се зголемува внатрешниот мир. Како резултат на посмирениот ум, луѓето кажуваат дека тие чувствуваат помалку стрес и притисок дома и на работа.
Секогаш е точно дека ако ние сме попозитивни и поотворени кон другите, тие ни возвраќаат станувајќи поотворени и попозитивни кон нас. На овој начин, внатрешниот развој овозможен од Трансценденталната Медитација се рефлектира во подобри лични односи од секаков вид – во работата, во семејство и во општеството.
Овие индивидуални придобивки од Трансценденталната Медитација имаат и важно општествено значење. Кога поединците имаат намален стрес и употребуваат повеќе од нивниот креативен потенцијал, тие природно придонесуваат попозитивно кон општеството.

ТМ ги подобри моите односи со другите
(1 мин.)  Супермодел Ракел Зимерман

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

Рејчел 
Моден дизајнер, Ливерпул

„Откако практикувам ТМ, имам поголема контрола, подобра животна рамнотежа, се чувствувам покреативна и способна да се справам со ситуациите кои ме исфрлаа од такт пред да започнам со медитирање. Моите пријатели и семејството велат дека сум посмирена, сочувствителна и фокусирана. Навистина можам да почувствувам промена во себе и мислам дека тоа е една од најдобрите работи кои ги имам воопшто направено. Посакувам да ја најдев порано бидејќи многу ќе ми помогнеше, особено за време на моето студирање кога чувствував огромен стрес. Тоа е вистински подарок и сега го ценам животот".