Анксиозност

Психијатриските експерти, докторите Џејмс Краг и Џим Брукс одговараат на вашите прашања во врска со анксиозноста и објаснуваат како Трансценденталната Медитација може да помогне.

 

Во одредени ситуации станувам нервозен, како на пример кога треба да имам презентација на работа. Дали техниката на Трансцендентална Медитација може да ми помогне?

Др.Краг: Стравот од зборување пред група луѓе е многу честа појава и води до чувство на паника која физиолошки е идентична со реакцијата на стресот. Техниката на Трансцендентална Медитација создава физиолошка спротивност на реакцијата на стресот. Според научните истражувања, како што медитантот сè повеќе се навикнува на смирената состојба, така стравот постепено бледнее.

Др. Брукс: Техниката на Трансцендентална Медитација ги смирува умот и телото, што доведува до намалување на стресот. Една од најдобрите студии која покажува како ТМ го намалува стрестот е мета-анализата која користеше една од најприфатените мерки за стресот, а тоа е STAI (State-Trait Anxiety Inventory) методата на Спилбергер. Во студијата објавена во Журналот за клиничка психологија, истражувачите ја споредија Трансценденталната Медитација со различни техники на релаксација, меѓу кои и Мускулната релаксација, ЕМГ биофидбек, техниката на Херберт Бенсон и други медитативни техники. Итражувањето покажа дека техниката на ТМ го намалува стресот два пати повеќе во однос на останатите техники.

Според оваа мета-анализа, Трансценденталната Медитација е најефективната програма за намалување на стресот од сите програми кои беа достапни за време на студијата. Како резултат на оваа и други студии кои ја покажуваат ефективноста на ТМ во намалување на стресот, многу доктори ја препорачуваат ТМ како ефективна алатка за справување со стресот. Бидејќи практикувањето на ТМ доведува луѓето да се чувствуваат посмирено во стресни ситуации, многумина изјавуваат дека се чувствуваат помалку вознемирени за време на презентации.

Со редовно практикување на програмата на Трансцендентална Медитација, станувате сè помалку и помалку вознемирени и развивате стабилна внатрешна тишина која ве заштитува од стресните доживувања. Поврзани научни истражувања

Јас сум постојано под притисок и дома и на работното место, а моите пријатели велат дека сум под стрес. Би можела ли техниката на Трансцендентална Медитација (ТМ) да ми помогне?

Д-р Брукс: Дваесет проценти од Американците се анксиозни. Стресот се јавува кога личноста не може да се справи со барањата кои ѝ се поставени. Тогаш се јавува анксиозноста која води до тоа луѓето да започнат со само - лекување на различни начини. Храната, телевизијата, алкохолот, цигарите, дрогата и кафето се чести примери. Меѓутоа овие методи се краткотраен и несоодветен обид да се намали стресот, бидејќи тие не му помагаат на поединецот подобро да функционира, туку со текот на времето ја влошуваат неговата адаптивна ефикасност. Така ние влегуваме во еден маѓепсан круг на стрес каде што колку помалку сме во состојба да се справиме со него, толку повеќе се само – лекуваме. Со тоа ја влошуваме нашата способност за да се справиме со стресот, а тоа води до повторно само - лекување.

Техниката на Трансцендентална Медитација го прекинува овој маѓепсан круг на стрес. Кога ја практикува техниката на ТМ, личноста седи удобно на стол 20 минути двапати на ден, ги затвора очите, го почнува процесот и искусува како умот станува сè потивок и потивок, смирен и релаксиран. Како што умот се смирува, тој доаѓа до изворот на мисловниот процес и себе - спознавањето. Во оваа состојба на мирна будност телото е длабоко одморено и умот е целосно буден. Длабокиот физиолошки одмор го елиминира стресот. Како резултат на смиреноста на умот, луѓето велат дека чувствуваат помал стрес и притисок и дома, и на работа. Поврзани научни истражувања

Јас сум многу анксиозен, што ако не можам да седам мирен доволно долго за да медитирам?

Д-р Брукс: Искусувањето на мирна будност е пријатно и удобно и тоа ви овозможува тивко да седите дваесет минути двапати на ден. Кога се практикува редовно, оваа програма целосно го елиминира стресот, а со текот на времето ќе доживувате помалку стрес и помала нервоза. Како природен резултат на ваквото намалување на стресот, кога медитирате умот се смирува и не чувствувате потреба да станете и да се движите. Директното искусување на спокојот и мирот се грижи за чувството на немир.

Со континуирано практикување анксиозноста игра сè помала и помала улога во животот на личноста. Таа почнува да носи подобри одлуки за секојдневните активности, бидејќи е способна подобро да се справи со стресот. Со текот на времето личноста станува сè повеќе слободена од стресот. Добрата страна на техниката на ТМ е дека дури и ако луѓето се премногу анксиозни тие можат да медитираат лесно и без напор. За разлика од други медитативни техники кои често вклучуваат концентрација, ТМ е едноставна, природна техника која не бара никаков напор. Поврзани научни истражувања

Доколку се принудувам себеси да седам мирно и да медитирам нема ли да станам уште понервозен?

Д-р Краг: Истражувањето покажува дека некои видови на техники за релаксација всушност предизвикуваат една личност со анксиозно пореметување да стане уште понервозна. Меѓутоа, искуството на илјадници луѓе со анксиозност во текот на многу години е дека тие можат да ја научат техниката на Трансцендентална Медитација и да ја намалат својата анксиозност. Со соодветно водство од инструкторот по ТМ, тие се способни да чувствуваат смиреност која е доста необична и пријатна за нив. Ако сте способни за мислење, тогаш можете да ја научите техниката на Трансцендентална Медитација. Поврзани научни истражувања

Јас сум многу зафатен, па дури и да научам Трансцендентална Медитација, се плашам дека никогаш нема да ја практикувам.

Д-р Брукс: Сите ние трошиме време за да ги наполниме нашите батерии. Сите ние секој ден издвојуваме време за да спиеме, јадеме, да се тушираме. Техниката на Трансцендентална Медитација е програма која спречува стресот да се акумулира со текот на времето, и не му дозволува да се меша со вашата способност да функционирате и уживате во животот. Тоа е начин со кој умот и телото добиваат многу длабок одмор и стануваат сè поотпорни на стресот. Животот станува големо искуство, и вие гледате напред кон нови искуства затоа што можете лесно да се справите со нив како резултат на соодветниот одмор, зголемената енергија и интегрирањето на умот и телото. Краткиот временски период потребен да медитирате секој ден е многу добра инвестиција. Поврзани научни истражувања

Научни истражувања

Научно истражување за анксиозноста

Депресија и несоница

 

Нашите експерти за анксиозност

Џејмс Краг, доктор по медицина, е член на Американската психијатриска асоцијација, претседател на Друштвото на психијатри во Вирџинија и поранешен четиригодишен претседател на Здружението на заедницата на психијатри во Вирџинија. Тој во моментов е медицински директор на Либерти Поинт, установа за рехабилитација на адолесценти со психијатриски проблеми.

Џим Брукс, доктор по медицина, е специјалист по психијатрија. Д-р Брукс дипломирал на Државниот универзитет Вејн на Факултетот за медицина во Детроит, а психијатриската обука ја завршил на Универзитетот при Медицинскиот центар во Колорадо. Тој во моментов им помага на неколку центри за ментално здравје во југоисточна Ајова и има приватна пракса за психотерапија во Феарфилд, Ајова. Покрај тоа, д-р Брукс има посебен интерес за комплементарни и алтернативни форми на здравствена заштита кои се темелат на превенција. Тој е истакнат Ајурведски лекар веќе 30 години и изведува Класична пет елементна акупунктура. Д-р Брукс е автор на „Ајурведските тајни на долговечноста и целокупното здравје", 1996, и има објавено истражување за придобивките од Трансценденталната Медитација во лекувањето на пост - трауматскиот стрес. (Весник на советување и развој, 1985 година).