Несоница

Докторите Џејмс Краг и Сарина Гросвалд одговараат на вашите прашања за несоницата и објаснуваат како Трансценденталната Медитација може да ви помогне.

Често се будам во текот на ноќта. Понекогаш се потам или се чувствувам многу вознемирено. Дали техниката на Трансцендентална Медитација ќе ми помогне да спијам?

Др. Краг: Има многу причини за несоница, но најчести се анксиозноста и стресот. Се разбира дека е можно некои практиканти на техниката на Трансцендентална Медитација повремено да имаат проблеми со несоница. Но, бидејќи техниката на Трансцендентална Медитација го намалува стресот, кај повеќето практиканти кои страдале од несоница, таа станува сè помал проблем.

Ако седнам и ги затворам очите, веднаш заспивам. Како ќе ми помогне Трансценденталната Медитација?

Др. Краг: Ова е показател дека имате потреба од одмор и најверојатно имате недостаток на сон. Техниката на Трансценденталната Медитација обезбедува длабоко ниво на одмор и со текот на времето ќе ви помогне да го надоместите тој недостаток на сон, со што ќе имате поголема јасност и енергија во текот на денот.

Што е со стресот поради недостатокот на сон? Јас речиси никогаш не спијам добро. Дали техниката на Трансцендентална Медитација помага за вакви проблеми?

Др. Гросвалд: Истражувањата покажуваат дека Американците се нација која најмногу страда од недостаток на сон. Стресот од неспиењето се акумулира со текот на времето.

Дури и ако одвреме-навреме спиете нормално, сонот не го елиминира стресот насобран од постојаните притисоци на секојдневниот живот. Сонот може да го елиминира само заморот од тековниот ден, па заморот и стресот продолжуваат да се насобираат. Дури и кога одите на одмор, релаксацијата од одморот трае многу кратко по враќањето на вообичаениот начин на живот. Поради тоа, секому му е потребен начин за елиминирање на акумулираниот замор и стрес, а недостатокот на сон уште повеќе го влошува тој акумулирани стрес.

Редовното практикување на техниката на Трансцендентална Медитација ви овозможува да го отфрлите насобраниот стрес. Истражувањето покажува дека редовното практикување на Трансцендентална Медитација го подобрува здравјето и психолошката добросостојба. Истражувачите проценуваат дека 70 до 90 % од болестите се поврзани со стресот, па доколку имате механизам кој ќе го намали стресот, тој механизам го подобрува вашето целокупно здравје и сите аспекти на вашиот живот.

Научни истражувања

Анксиозност

Депресија и несоница

 

Медицински експерти

Џејмс Краг, доктор по медицина, е член на Американската психијатриска асоцијација, претседател на Друштвото на психијатри во Вирџинија и поранешен четиригодишен претседател на Здружението на заедницата на психијатри во Вирџинија. Тој во моментов е медицински директор на Либерти Поинт, установа за рехабилитација на адолесценти со психијатриски проблеми.

Сарина Гросвалд, доктор по образование (стручно образование кое подразбира применета и професионална обука) е експерт за когнитивно учење. Таа неодамна ја предводеше првата од таков вид истражувачка студија за ефектите на програмата на Трансценденталната Медитација врз децата со тешкотии во учењето поврзани со јазикот. Нејзината работа опширно е опфатена во националните медиуми, вклучувајќи ги PBS и ABC вестите.