Мозочна и мемориска функција

Др. Кристофер Кларк, психијатар од Флорида, одговара на вашите прашања за функцијата на мозокот и меморијата, излагајќи ги придобивките од Трансценденталната Медитација.

Јас сум во 50-те години од животот и мојата меморија не е толку добра како порано. Дали техниката на Трансцендентална Медитација ќе ми помогне?

Др. Кларк: Многу истражувања покажаа дека и краткотрајната и долготрајната меморија се подобруваат со редовното практикување на техниката на Трансцендентална Медитација. Редовното практикување на техниката на ТМ му овозможува на умот да биде посвеж, буден и длабоко одморен. Кога сме одморени внатрешно т.е. во нашата физиологија, природно е и умот да функционира појасно и кохерентно и да дојде до подобрување на меморијата, концентрацијата и когнитивниот процес.

Кога менталниот замор, добиен од работата, ќе се ослободи при практикувањето на Трансценденталната Медитација, се намалуваат и стресот и напнатоста кои ја попречуваат концентрацијата. Подобрената концентрација овозможува подобра меморија. Со изучувањето на техниката на ТМ над 50 годишна возраст, ќе откриете дека вашата меморија станува појасна и посвежа, и можете да го запомните она што го читате многу подобро отколку што сте можеле со години наназад.

Постојано сум уморен и имам проблем да се фокусирам на работата. Дали ТМ може да помогне?

Др. Кларк: Научните истражувања, спроведени врз луѓето кои ја практикуваат техниката на Трансцендентална Медитација, откриваат поголема способност за фокусирање, помала расеаност и подобрена работоспособност. Студиите покажуваат дека луѓето можат да прават разлика меѓу предметот на внимание и неговата позадина (подобро се фокусираат на предметот) и да носат брзи и точни одлуки. Секоја сесија на медитација го освежува мозокот, правејќи го појасен, посмирен и поспособен да ги обработува информациите. Медитацијата е подобра од попладневната дремка или пауза за кафе.

Техниката на Трансцендентална Медитација овозможува подлабок одмор отколку сонот, а анкетите покажуваат дека Американците се соочуваат со дефицит на сон и просечно спијат час и половина помалку отколку пред 100 години. Населението акумулира замор поради недостатокот на сон, а тоа води до ментален замор во текот на денот, недостаток од работна ефикасност и зголемен стрес. Редовното практикување Трансцендентална Медитација може да го намали овој насобран замор и недостаток на сон, и да овозможи подлабок и помирен сон во текот на ноќта. Повеќето луѓе подобро се фокусираат на работата кога се помалку изморени.

Понекогаш чувствувам толку голем стрес од работата и грижата за семејството, што не можам правилно да размислувам, и носам одлуки за кои подоцна се каам. Ако започнам со Трансцендентална Медитација, како ќе ми помогне тоа додавање на уште една обврска во денот?

Др. Кларк: Додавањето на Трансценденталната Медитација во секојдневната рутина е додавање на поголема кохерентност, креативност, фокусираност и снаодливост. Редовното практикување на ТМ носи ослободување од стресот и заморот внатрешно, т.е. во нашата физиологија. Според истражувањата, практикувањето на техниката на ТМ води до поголема ефикасност на работното место. Многу луѓе кои започнуваат да практикуваат Трансцендентална Медитација забележуваат дека грижата за семејството станува полесна и дека медитацијата била решението кое го барале.

Јас сум малку отсутен и непрактичен. Нема ли практикувањето Трансцендентална Медитација да ја зголеми оваа тенденција за сонување со отворени очи и не фокусирање на нештата околу мене?

Др. Кларк: Не. Истражувањата покажуваат дека практикувањето Трансцендентална Медитација ги зголемува и креативноста и фокусираноста. Понекогаш луѓето имаат широка, уметничка, креативна визија и овие способности ги прават да изгледаат отсутно, како да сонуваат со отворени очи. Истражувањата покажуваат дека техниката на ТМ не само што ги зголемува овие креативни способности, туку и ги подобрува аспектите на умот поврзани со фокусираноста и решавањето проблеми. Техниката на ТМ го обновува целиот мозок, вклучително и т.н. извршни центри на мозокот, овозможувајќи му на човекот да стане покреативен и практично продуктивен.

Научни истражувања

Повисоки нивоа на функционирање на мозокот

 

Кристофер Кларк, доктор по медицина

Christopher Clark, MD

Кристофер Кларк, доктор по медицина, дипломирал на Универзитетот Јеил при Медицинскиот факултет, Катедра за психијатрија. Корисник е на стипендијата за детска психологија од Универзитетот во Вашингтон. Во медицината е повеќе од 20 години и моментално е психијатар во Веро Бич, Флорида.