Официјална веб-страница за Македонија
Хиперкинетски синдром (синдром на недостаток на внимание и хиперактивност)
Докторите Стиксруд, Гросвалд и Краг одговараат на вашите прашања за синдромот на недостаток на внимание и хиперактивност (АДХД)
Општо е познато дека децата се изложени на повеќе стрес од порано. Дали тоа придонесува за појава на Хиперкинетски синдром и други проблеми?
Др. Стиксруд: Работам со деца кои се соочуваат со лоши резултати на училиште, проблеми со однесувањето, депресија и невролошки нарушувања. Стресот игра голема улога за појавата на сите овие проблеми. Сретнувам многу деца со нарушувања при учењето и ADHD (синдром на недостаток на внимание и хиперактивност), и не постои сомнеж дека стресот значително ја намалува способноста на детето да учи и да ги извршува училишните обврски. Поврзани научни истражувања
Како децата ја доживуваат реакцијата на стресот на училиште?
Др. Стиксруд: Реакцијата на стресот веројатно еволуирала во текот на милиони години со цел да нè заштити од предаторите. Кога ќе се предизвика таа реакција на стрес, вие не сте во состојба јасно да размислувате. Од гледна точка на еволуцијата, ако луѓето долго време размислувале „Што да правам?" кога ќе наиделе на тигар, ќе биле изедени. Природата нè заштитува од размислување кога сме под стрес. Како резултат на тоа, ако детето е под стрес, многу му е тешко да размислува, да учи, да ги сработи училишните задачи, да обрне внимание на учителот и да управува со своето однесување.
Би можел да кажам дека главниот принцип добиен од 20-те години истражување на мозокот поврзан со учењето е следниот: детето има потреба да се чувствува безбедно на училиште со цел да може да учи, бидејќи не можете да учите кога сте под стрес. Поврзани научни истражувања
Дали Трансценденталната Медитација може да го намали овој стрес?
Др. Стиксруд: Мислам дека Трансценденталната Медитација има неверојатно важна улога во намалување на проблемите со учењето и вниманието. Во некои училишта техниката на Трансценденталната Медитација веќе игра важна улога во помагањето на децата да ги надминат проблемите со учењето, вниманието и однесувањето. Поврзани научни истражувања
Имам Хиперкинетски синдром и едноставно не можам да мирувам дури ни неколку минути. Како воопшто би можел да ја практикувам техниката на Трансцендентална Медитација?
Др. Гросвалд:Тоа е главната придобивка од техниката на Трансцендентална Медитација. Многу е едноставна, ненапорна и лесна. Техниката му овозможува на умот да се смири, а кога умот е смирен, телото многу природно ја следи таа состојба на смиреност, па можете да седите лесно и удобно. Како резултат на практикувањето на техниката на Трансцендентална Медитација, дел од тоа чувство на тивок мир останува со вас после медитацијата. Со тек на време почнувате да се чувствувате сè посмирено и немирот почнува да слабее. Токму затоа техниката на Трансцендентална Медитација се препорачува на деца и возрасни кои страдаат од немир. Тоа е она што оваа техника ја прави уникатна.
Др. Краг:Лицата со ADHD имаат променливо внимание. Во некои ситуации имаат проблем да се фокусираат, а во други пак се премногу фокусирани. Техниката на Трансцендентална медитација е лесна и високо се препорачува дури и за лицата со значително изразен Хиперкинетски синдром. Иако не можам да предвидам дека Трансценденталната Медитација ќе го елиминира ова нарушување, сведок сум дека симптомите значително се намалуваат. Поврзани научни истражувања
Како дете имав ADHD и сè уште имам проблем да се фокусирам на било кој вид работа. Чест проблем е и недостатокот на контрола на импулсите, кога детето постојано ги прекинува луѓето и зборува импулсивно. Дали Трансценденталната Медитација може да помогне во решавањето на овие проблеми?
Др. Гросвалд: Да, според нашите истражувања, ТМ ќе помогне. Техниката на Трансцендентална Медитација делува и кај децата и кај возрасните. Лесна е за учење и изведба и не бара концентрација, фокус или внимание. Истовремено, ја зголемува способноста за фокусирање надвор од медитацијата, бидејќи го подобрува функционирањето на мозокот. Кога очите ви се затворени и медитирате, се зголемуваат врските кои мозокот го поврзуваат со вниманието. Потоа, кога ќе ги отворите очите и ќе имате некаква активност, ќе имате и подобар фокус и концентрација.
Многу симптоми на ADHD всушност се резултат на стрес. Стресот го затвора префронталниот кортекс на мозокот и ги отежнува концентрацијата и фокусот. Намалувањето на стресот ги зголемува вниманието, фокусот и концентрацијата, како и способноста да дејствуваме смирено и да се чувствуваме порелаксирано и поудобно во стресни ситуации. Нашите истражувања покажаа дека по само 3 месечно започнување на програмата на Трансцендентална Медитација, внимание кај децата се подобри за 20%. Имаше значителни подобрувања и во работната меморија и организација, како и во психосоцијалната проценка на однесувањето, анксиозноста, стресот, вниманието и фокусот.
Др. Краг: Сите оние кои имаат долготрајни проблеми со ADHD знаат дека кога се одморени и смирени имаат помали симптоми на ADHD отколку кога се уморни или вознемирени. Бидејќи ТМ помага да се создаде состојба на смиреност и стабилност, јасно е дека може да помогне во намалувањето на проблемите со ADHD. Поврзани научни истражувања
Според вашите одговори изгледа како да имате лично искуство?
Др. Стиксруд: Во едно пилот истражување на ученици од основно училиште со ADHD кои практикуваат ТМ, ги интервјуиравме учениците после 3 месеци медитирање. Ги запрашавме: „Што забележавте по неколкумесечното медитирање?" Речиси сите ученици рекоа нешта како: „Се чувствувам помалку стресно и порелаксирано". Повеќето од нив рекоа: „Се чувствувам поорганизирано. Можам подобро да ги сработам домашните задачи. Нема потреба родителите да ми помагаат".
Едно неверојатно импулсивно момче рече: „Пред да започнам со медитација, ако одев низ училишниот ходник и некое момче се судреше со мене, ќе го удрев. Сега, откако медитирам 3 месеци, ако некој се судри со мене, застанувам и размислувам дали да го удрам или не". За некои можеби не изгледа како нешто значајно, но од моето работно искуство со импулсивни деца и тинејџери знам дека оваа одложена реакција се постигнува многу тешко. Ако техниката на ТМ му дава на детето малку време меѓу дразбата и одговорот на таа дразба, со што детето е во можност да размислува, планира, се запрашува како е правилно да постапи во таа ситуација, тогаш тоа е капацитет кој детето не го имало пред да започне со медитирање. Поврзани научни истражувања
Дали има и други истражувања кои покажуваат дека техниката на Трансцендентална Медитација може да помогне за ADHD?
Др. Стиксруд: Повеќето истражувачи сметаат дека ADHD е нарушување на повеќе извршни функции. Поимот „извршни функции" се однесува на функциите на предниот дел од мозокот: менталната контрола и менталните организаторски способности кои се потребни за однесувањето на личноста да има некаква цел. Кога нешто морате да направите, треба да бидете способни да планирате, да се организирате и да ги задржите релевантните информации во вашата меморија. Исто така потребно е да се надгледувате себеси, да се запрашате како ви оди.
Во неколку стотици студии за Трансценденталната Медитација постојат добри докази дека таа ги подобрува сите овие извршни функции. Тоа е така делумно поради тоа што Трансценденталната медитација ја зголемува кохерентноста на функционирањето на мозокот, а делумно и поради тоа што го намалува стресот кој ги влошува извршните функции. Поврзани научни истражувања
Мислам дека медитацијата е одлична, но сакам моето дете да биде фокусирано. Не сакам да стане премногу пасивно.
Др. Стиксруд: Родителите понекогаш се грижат дека ако нивните деца се премногу релаксирани после медитација, ќе го изгубат нивниот елан. Заедничкото искуство всушност е спротивно.
Точно е дека техниката на Трансцендентална Медитација овозможува длабока релаксација, но од друга страна таа и активира. Токму таа уникатна комбинација на активиран мозок и длабоко релаксирана физиологија ги создава многуте позитивни придобивки од медитацијата.Заедничкото искуство на луѓето кои медитираат покажува дека не го губат својот елан, туку дека многу лесно го насочуваат на ефикасен начин.
Тие не губат време на грижи и непотребна вознемиреност. Стануваат подобри во планирањето и повеќе се насочуваат кон своите цели. Ако ги погледнете училиштата каде децата редовно практикуваат Трансцендентална Медитација, ќе видите дека тие деца се изненадувачки успешни. Имаат исклучително високи резултати во науката, спортот, уметноста, во сè. Токму затоа, мислењето дека техниката на ТМ би можела да ги направи децата пасивни или да доведе до губење на нивниот елан или интерес, нема никаква важност. Напротив, се случува токму спротивното Поврзани научни истражувања
Како би можела да медитирам кога имам мали деца, од кои едно има ADHD?
Др. Краг: Очигледно ќе ви треба помош. Но имајте на ум дека Трансценденталната Медитација не се прави заради самата медитација (иако тоа е многу мирна и пријатна состојба на 20 минутен одмор), туку за да можете да ги издржите секојдневни активности. Како родител на дете со ADHD, потребна ви е целата енергија и јасност која може да ја соберете. Трансценденталната Медитација ќе ви помогне да развиете смирена состојба на умот, која пак ќе помогне вашето дете поефикасно да реагира на вас. Поврзани научни истражувања
Нашите медицински експерти
Вилијам Стиксруд, доктор по филозофија, е клинички невропсихолог и директор на „Вилијам Стиксруд и соработниците" во Силвер Спринг, Мериленд, група на практиканти која е специјализирана за пореметувања во учењето, вниманието, и социјални/емоционални пореметувања. Д-р Стиксруд е хонорарен инструктор во Детскиот национален медицински центар во Вашингтон.
Сарина Гросвалд, доктор по образование, (стручно образование кое подразбира применета и професионална обука) е експерт за когнитивно учење. Таа неодамна ја предводеше првата од таков вид истражувачка студија за ефектите на програмата на Трансценденталната Медитација врз децата со тешкотии во учењето поврзани со јазикот. Нејзината работа опширно е опфатена во националните медиуми, вклучувајќи ги PBS и ABC вестите.
Џејмс Краг, доктор по медицина, е член на Американската психијатриска асоцијација, претседател на Друштвото на психијатри во Вирџинија и поранешен четиригодишен претседател на Здружението на заедницата на психијатри во Вирџинија. Тој во моментов е медицински директор на Либерти Поинт, установа за рехабилитација на адолесценти со психијатриски проблеми.