|
Официјална веб-страница за Македонија
Доктор Ненси Лонсдорф одговара на прашања за симптомите од менопауза и придобивките од Трансценденталната Медитација
Др. Лонсдорф: Хормонската терапија е ефикасна за намалување на симптомите на менопауза како што се вашите, но се покажа дека го зголемува ризикот од рак на дојката, како и ризикот од згрутчување на крвта и мозочен и срцев удар кај повозрасните жени. Поради тоа, хормонската терапија денес се користи само во краен случај кога симптомите се неподносливи, а сите други побезбедни третмани не дале резултат. Всушност, верувањето дека на телото му е потребна замена на репродуктивни хормони после менопауза е целосно отфрлено по спроведените истражувања. Поради тоа, терминот „терапијата за замена на хормони" е променет со „хормонска терапија", за да се покаже дека на хормоните кои природно опаѓаат со годините не им треба замена, но доколку е потребно може да се користат како медицинска терапија.
Дури и природната хормонска терапија, прогласена од некои како „здрава" хормонска алтернатива, сè уште не е соодветно проучена и најверојатно носи слични ризици. За среќа, на повеќето жени со симптоми на менопауза може да им се помогне со побезбедни и поприродни пристапи.
Бидејќи стресот е причина за честите симптоми на менопауза, како што се топлите бранови и проблемите со спиењето, ако му помогнеме на телото подобро да се справи со стресот, тоа веројатно ќе помогне и за намалување на симптомите на менопауза. Се покажа дека техниката на Трансцендентална Медитација двојно поефикасно ја намалува анксиозноста за разлика од сите други техники на медитација и релаксација. Таа исто така е многу ефикасна за намалување на стресот, еден од главните поддржувачи на симптомите на менопауза. 20 минутното практикување на техниката на Трансцендентална Медитација два пати дневно, го намалува нивото на кортисол (стрес хормон), го подобрува сонот и го подигнува расположението. Според некои истражувања, спречувањето на лачење на вишок кортисол му помага на телото да произведе корисни репродуктивни хормони, како што е хормонот прогестерон.
Истражувањето покажа дека техниката на Трансцендентална Медитација го намалува ризикот од срцев удар кај жените во период по менопауза, а го намалува и метаболниот синдром кој е предвесник на дијабетес. На многу од моите средовечни пациентки, техниката на Трансцендентална Медитација им помогна да ги намалат промените на расположението и симптомите на менопауза, како и полесно да го поминат овој период од животот кој носи многу предизвици. Поради сите овие причини, ја препорачувам техниката на Трансцендентална Медитација како дел од еден сеопфатен пристап за справување со симптомите на менопауза.
Д-р Лонсдорф: Кога сме уморни не размислуваме јасно, деконцентрирани сме и потребно е подолго време за да ги завршиме нашите задачи. Ние исто така може да останеме до доцна во ноќта, обидувајќи се да го довршиме тоа што не сме го направиле во текот на денот поради нашата неефикасност. Сето ова доведува до создавање на магичен циклус на замор, недостаток на одмор, премногу активност, и уште повеќе замор. Ако со 20 минутното практикување на ТМ двапати дневно може да се прекине тој циклус, тогаш вреди да се медитира бидејќи медитацијата ќе ни создаде повеќе време отколку што ќе потрошиме на неа.
Техниката на Трансцендентална Медитација обезбедува длабока состојба на одмор кој ги освежува умот и телото. Ова резултира со подобрено спиење, зголемување на продуктивноста, креативноста и интелигенцијата, како и намалување на анксиозноста која ни ја црпи енергијата.
Многу од моите пациенти се изјасниле дека додавањето на техниката на Трансцендентална Медитација во нивната секојдневна рутина им дава поголема јасност на умот и им помага да направат многу повеќе за пократко време. Повеќето луѓе поминуваат 15 - 20 минути во денот релаксирајќи се со гледање вести или списанија, со разговор или на друг начин, обидувајќи се да бидат мотивирани. Трансценденталната Медитација е време кое е навистина одвоено само за себе, за нашето тивко, радосно, внатрешно јас кое е извор на нашата креативност и енергија. По медитацијата, умот е посмирен и појасен, со што наутро сте подготвени да се нурнете во вашата работа, а во вечерните часови ве освежува за потполно да уживате со вашето семејство. Ако сте како повеќето од моите пациенти, ќе откриете дека вашето време инвестирано во ТМ вреди многу, и вие и вашите најблиски ќе уживате благодарение на тоа што ќе станете посреќна и помалку стресна личност.
Д-р Лонсдорф: Здравјето е резултат на рамнотежа на животот. Потребни се и избалансиран одмор и избалансирана активност, бидејќи двете се поддржуваат една со друга. И техниката на Трансцендентална Медитација и вежбите ја намалуваат анксиозноста и ризикот од срцев и мозочен удар, висок крвен притисок, метаболичен синдром, како и смртни случаи од рак. Двете му користат на умот, телото и здравјето. Додека едната длабоко го одмара и релаксира телото, другата го зајакнува и го подмладува.
Техниката на Трансцендентална Медитација е најважното нешто што можете да го направите. Таа ја поттикнува вашата свест, која е основата на сè. Истражувањата покажуваат дека практикувањето на оваа едноставна техника ги подобрува односите со другите, менталниот фокус, емоционалното здравје, задоволството од работата и целокупното здравје. Преку развивање на свеста, таа обезбедува сеопфатен начин да се развие рамнотежа во секој аспект на животот.
Подобро е да се изберат и двете за подолг живот и добро здравје. Ако некој не практикува ниту една, јас препорачувам да се почне со техниката на Трансцендентална Медитација. Таа ќе даде поголема јасност на умот и поголема креативност, а тоа ќе ја поддржи и способноста за вежбање.
Ненси Лонсдорф, доктор по медицина, дипломирала на Универзитетот Џон Хопкинс, на Факултетот за медицина. Таа е познат специјалист во областа на природното здравје и здравствените проблеми на жените. Како автор на „Вечно младата жена:Природно здравје и убавина после четириесеттата", Ненси е честопати споменувана во националните медиуми, вклучувајќи ги Националното јавно радио, Си-Ен-Ен и шоуто на Фил Донахју.