Официјална веб-страница за Македонија
Свесност и креативност
„Техниката на Трансцендентална Медитација е едноставен и ненапорен начин да се нурнеме внатре во нас, за да се доживее океан од чиста свесност, чиста креативност, чисто знаење. Тоа е уникатно искуство, но исто така многу познато - тоа е вашето Себство."
Дејвид Линч, режисер и основач на фондацијата „ Дејвид Линч " за образование базирано на свесност и за светски мир.
Зголемување на интелигенцијата и креативноста
Вашиот мозок не го добивте целосно развиен при раѓањето. Преку природните процеси на созревање и искуство, вашиот мозок се развива во секој момент за да го поддржи вашиот мисловен процес, одлучување и однесување. Постојаното развивање на вашиот мозок е динамичен процес.
Искуството на мирна будност за време на ТМ создава оптимални услови за развивање на вашиот целосен потенцијал, за максимална интелигенција и креативност на сосема ненапорен начин, истовремено спречувајќи ги штетните ефекти на стресот врз мозокот.
Журнал за креативното однесување
1979 13:169–180
Ефектот од Трансценденталната Медитација
Поединците кои научиле Трансцендентална Медитација покажале зголемена креативност во споредба со другите медитативни техники, што се гледа од зголемената сликовита оригиналност измерена после пет месеци на практика. Тие исто така покажале и зголемена креативност, што се гледа од зголемените нивоа на сликовита флексибилност и вербална течност.