|
Официјална веб-страница за Македонија
Д-р Џејмс Краг одговора на вашите прашања во врска со епилепсијата и ги објаснува придобивките од Трансценденталната Медитација.
Д-р Краг: Секако дека луѓето со епилептични напади може да ја практикуваат техниката на Трансцендентална Медитација. Често прагот на епилептичните напади е намален кога лицето е вознемирено или уморно. Бидејќи Трансценденталната Медитација го намалува стресот и доведува до поголема невролошка стабилност, практикувањето на техниката на ТМ треба да биде од корист. И се разбира, лицето со епилептични напади може да ужива и во другите придобивки на техниката на Трансцендентална Медитација, како што се подобро кардиоваскуларно здравје, намалување на стресот, подобрување на меѓучовечките односи и посмирен, пофокусиран ум.
Д-р Краг: Би било неразумно да се започне со програмата на Трансцендентална Медитација очекувајќи дека ќе следи намалување на лековите. Меѓутоа, ако со текот на времето постои намалување на нападите, тогаш вашиот невролог најверојатно ќе прави мали и постепени намалувања на лековите, со цел да ја процени вашата потреба за лекови.
Џејмс Краг, доктор по медицина, е член на Американската психијатриска асоцијација, претседател на Друштвото на психијатри во Вирџинија и поранешен четиригодишен претседател на Здружението на заедницата на психијатри во Вирџинија. Тој во моментов е медицински директор на Либерти Поинт, установа за рехабилитација на адолесценти со психијатриски проблеми.