|
Официјална веб-страница за Македонија
Докторите Каплан, Молина и Шнајдер одговараат на вашите прашања за високиот холестерол и за тоа како Трансценденталната Медитација може да помогне.
Др. Каплан: Од една добро контролирана научна студија, објавена во „Архивите на интерната медицина" во 2006 година, денес имаме доказ дека техниката на Трансцендентална Медитација може да ги намали компонентите на метаболниот синдром, главниот причинител на лошото здравје и прераната смрт. Пациентите со метаболен синдром се карактеризираат со зголемена телесна тежина, висок крвен притисок, покачен шеќер и триглицериди и намален ХДЛ (добар) холестерол. Поврзани научни истражувања
Др. Молина: Во една студија објавена во „Журналот на Израелската медицинска асоцијација", истражувачите пријавија значително опаѓање на вкупниот холестеролот кај луѓето кои ја практикуваат техниката на Трансцендентална Медитација, што значи дека Трансцендентална Медитација е ефикасен начин за намалување на холестеролот.
Денес се става голем акцент на намалувањето на холестеролот и поради тоа слушате многу реклами на телевизија за лекови за холестерол. Сепак, треба да запомниме дека најважниот ризик фактор за мозочен удар и коронарна срцева болест е всушност високиот крвен притисок. Истражувачките студии постојано покажуваат намалување на крвниот притисок кај луѓето кои ја практикуваат техниката на Трансцендентална Медитација. Затоа, не треба да ја потценуваме моќта на намалувањето на крвниот притисок, без разлика дали луѓето имаат или немаат висок холестерол. Поврзани научни истражувања
Др. Шнајдер: Можно е. Неколку студии покажаа намален серумски холестерол како резултат на практикувањето на техниката на Трансцендентална Медитација. Но како и во секоја друга медицинска состојба, се препорачува да ги следите советите на вашиот лекар пред да промените било кој од пропишаните лекови или други методи на лекување.
Др. Молина: Да, можно е. Истражувачките студии покажуваат дека програмата на Трансцендентална Медитација е поврзана со намалувањето на вкупниот холестерол, но никогаш не била спроведена обемна, формална студија која оваа програма ја споредува со статините. Поради тоа, луѓето на кои им се потребни статини, оние кои преживеале срцев удар на пример, не би требало да ги заменат лековите со програмата на Трансцендентална Медитација. Кај ваквите случаи препорачувам техниката на Трансцендентална Медитација да се користи како додаток на лековите, а не наместо нив. Техниката на Трансцендентална Медитација е многу моќен додаток, и всушност можеби е помоќна од статините, но ние немаме таков податок. Поврзани научни истражувања
Научни истражувања
Гери П. Каплан, доктор по медицина и филозофија, е невролог и вонреден професор по клиничка неврологија на Факултетот за медицина во Њујорк. Добитник е на наградата Алберт Х. Даглас која му ја додели Здравствената организација на државата Њујорк за исклучителни достигнувања во промовирањето и подобрувањето на образованието на лекарите.
Цезар Молина, доктор по медицина, член на Американскиот колеџ за кардиологија, е медицински директор на Центарот за срце Јужна Азија, во болницата Ел Камино во Маунтин Вју, Калифорнија. Тој дипломирал на Универзитетот Јеил, на Медицинскиот факултет, и е член на Американскиот колеџ за кардиологија. Д-р Молина неодамна се појави во меѓународното издание на Си-Ен-Ен каде дискутираше за придобивките на исхраната и вежбањето во лекувањето и превенцијата на коронарната срцева болест.
Роберт Шнајдер, доктор по медицина, член на Американскиот колеџ за кардиологија, е награден со повеќе од 20 милиони долари како признание од Националниот институт за здравство за неговите пионерски истражувања на природните пристапи кон болестите на срцето. Д-р Шнајдер е автор на „Потполно здраво срце" и уште 100 други медицински истражувачки статии. За него е пишувано во повеќе од 1000 медиуми, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и магазинот Тајм.