Депресија кај возрасните 

Докторите Краг, Каплан и Стиксруд одговараат на вашите прашања за депресијата кај возрасните и објаснуваат како Трансценденталната Медитација може да помогне.

Јас и онака премногу седам. Како може да ми помогне практикувањето на техниката на Трансцендентална Медитација?

Др. Краг: Техниката на Трансцендентална Медитација тежнее да го создаде она што ни е најмногу потребно во животот – хармонија. Таа има нормализирачки ефект врз здравјето. Кај луѓето кои се премногу неактивни, техниката на Трансцендентална Медитација води до поголема активност, и обратно, доколку сте станале активни до еден нездрав степен, редовното практикување ТМ води до похармоничен животен стил. Според моето искуство, лицата кои редовно ја практикуваат техниката на Трансцендентална Медитација имаат постабилно ниво на расположение и активност.

Доколку ја практикувам техниката на Трансцендентална Медитација, дали сè уште ќе имам потреба од антидепресиви?

Др. Краг: Луѓето кои имаат депресија и земаат антидепресиви може сигурно да имаат придобивки од практикувањето на техниката на Трансцендентална Медитација. Придобивките од ТМ се постепени и се зголемуваат со текот на времето. Важно е да ѝ се дозволи на физиологијата на мозокот да се нормализира. Продолжете со лековите и медитацијата, и подоцна, после одреден период без депресија, може да се консултирате со својот доктор за можноста за прекинување на терапијата. Мојот совет е секогаш да соработувате со докторот и да не ја прекинете терапијата на своја рака.

Имам тешки епизоди на депресија на секои неколку години. Дали техниката на Трансцендентална Медитација ќе ги спречи овие епизоди?

Др. Каплан: Трансцендентална Медитација тежнее кон хармонизирачки ефект. Не можеме со сигурност да кажеме дека ТМ ќе ги спречи сите епизоди на депресија, но истражувањето покажува дека ТМ помага да се стабилизира расположението и има здрав ефект. Затоа, вреди да се проба. Јас познавам луѓе кај кои епизодите на депресија се намалиле откако научиле ТМ.

Истражувањето исто така покажува намалување на депресијата со практикување ТМ. Една студија, објавена во „Журналот за советување и развој", покажа дека пациентите кои страдале од пост-трауматски стрес, а ја научиле техниката на Трансцендентална Медитација, имале значително намалување на депресијата по само четири месеци, за разлика од оние кои примале психотерапија и не покажале значително намалување на депресијата.

Ако ги затворам очите, умот ми е полн со мисли за нештата кои треба да ги направам или проблемите кои треба да ги решам. Не можам да ги запрам овие мисли, па како би можел успешно да ја практикувам техниката на Трансцендентална Медитација?

Др. Стиксруд: Ова не е проблем бидејќи при практикувањето на техниката на Трансцендентална Медитација ние не одиме против природната тенденција на умот да биде активен. Со техниката на Трансцендентална Медитација ние го водиме умот до пофини или посмирени нивоа на активност, а тоа води до длабок одмор на физиологијата. Лесно е и природно. Истражувањето покажува дека кога луѓето секојдневно ја искусуваат оваа мирна будност, тие природно почнуваат да се чувствуваат посмирено, појасно и пофокусирано.

Научни истражувања

Анксиозност

Депресија и несоница

Подобрена интелигенција, креативност и способност за учење

Џејмс Краг, доктор по медицина

James Krag MD

Џејмс Краг, доктор по медицина, е член на Американската психијатриска асоцијација, претседател на Друштвото на психијатри во Вирџинија и поранешен четиригодишен претседател на Здружението на заедницата на психијатри во Вирџинија. Тој во моментов е медицински директор на Либерти Поинт, установа за рехабилитација на адолесценти со психијатриски проблеми.