Официјална веб-страница за Македонија
Трансценденталната Медитација споредена со други техники
Можноста за трансцендирање ја прави Трансценденталната Медитација фундаментално различна од сите останати техники на медитација.
Останатите техники вклучуваат концентрација (преку контролирање на умот или вниманието) или било каков активен мисловен процес. Како резултат на концентрацијата или мисловниот процес, другите видови медитација го држат умот активен, со што се спречува процесот на трансцендирање.
Категории на медитативна техника
Другите видови на медитација обично вклучуваат длабоко размислување, концентрација, набљудување на вашите мисли, фокусирање на дишењето или на други сензации. Спротивно на тоа, Трансценденталната Медитација е уникатна техника која му овозможува на умот да се смири без напор. повеќе
Научни истражувања
Стотици истражувања покажуваат дека Трансценденталната Медитација има голем број на придобивки кои не можат да се најдат кај други техники. Компаративните истражувања покажуваат дека ТМ е најефективната техника за намалување на стресот и анксиозноста, стекнување на внатрешен мир, нормализирање на крвниот притисок и промовирање на само – реализацијата. повеќе