Трансценденталната Медитација е едноставна техника која се практикува два пати на ден по 20 минути, седејќи удобно.
Таа не е религија, филозофија или начин на живот. Повеќе од шест милиони луѓе од сите возрасти, култури и религии имаат научено Трансцендентална Медитација.
"Тоа беше најлесното нешто што некогаш го имам научено"
Камерон Диаз зборува за тоа колку е лесна Трансценденталната Медитација
Што се случува кога
кога медитирате?
Техниката на Трансцендентална Медитација му дозволува на вашиот ум лесно да се смири внатрешно сè додека не го искуситете најтивкото и најмирното ниво на вашата свесност. Таа е сосема поразлична бидејќи не вклучува концентрирање или фокусирање и не се обидува да го „испразни умот".
"Трансценденталната Медитација ми дава остров
на смиреност среде толку многу турбуленции"
Сер Пол Макартни
Која е вредноста на Трансценденталната Медитација
во секојдневниот живот?
Стресот е штетен за здравјето, среќата, креативноста и продуктивноста. Стотици објавени истражувања за Трансценденаталната Медитација ја потврдуваат нејзината ефикасност во намалување на стресот, подобрување на функционирањето на мозокот, зајакнување на имунитетот и многу повеќе.