Трансценденталната Медитација и здравјето

Многу лекари и други професионалци од областа на здравјето и самите практикуваат Трансцендентална Медитација и ја препорачуваат на своите пациенти.

Погледнете ги прашањата и одговорите од лекари поврзани со многу здравствени проблеми. Во многу истражувања во кои се споредува Трансценденталната Медитација со други техники, откриено е дека таа е многу поефективна во постигнувањето на одржлива и долгорочна релаксација и во намалувањето на хормоните кои предизвикуваат стрес во секојдневниот живот, како и во промовирањето на долг и здрав живот.

„Научив ТМ пред 25 години и без сомнение тоа е најдоброто нешто што сум го направила. Немам идеја како ќе се справев со моето полно работно време како општ лекар без оваа техника која го намалува стресот и ми ги полни батериите. Сум видела буквално илјадници луѓе кои имаат придобивки од ТМ и ја препорачувам без двоумење".
Д-р Елизабет Јанг, општ лекар

Повторно воспоставување рамнотежа и нормално здравје

Последните здравствени трендови постојано ни нудат најнови решенија за добро здравје. Но има многу едноставен клуч за добра благосостојба: дозволете ѝ на внатрешната интелигенција на телото да воспостави рамнотежа и нормално добро здравје. Одморот му овозможува целосно функционирање на природниот исцелувачки механизам на телото. Кога не добиваме доволно длабок одмор, телото тежнее кон лошо функционирање и се појавуваат проблеми предизвикани од стресот. Се проценува дека 80% од посетите кај лекар се поврзани токму со овие проблеми предизвикани од стресот. Трансценденталната Медитација обезбедува состојба на длабок одмор кој природно ги елиминира дури и длабоко вкоренетиот стрес и замор, и на тој начин помага да се подмлади телото и да се подобри функционирањето на мозокот.

Повеќе од релаксирање. Од подобро здравје до личен развој

Трансценденталната Медитација релаксира, но таа е многу повеќе од тоа. Таа е уникатна комбинација на длабока релаксација и проширена свест. Оваа состојба на „мирна будност" ја издвојува Трансценденталната Медитација од другите техники на релаксација и активности за ослободување од напнатост, како што се вежбањето или музиката. После медитацијата, практикантите кажуваат дека се чувствуваат смирено, јасно и енергично, слично како што се чувствувате во вашите најдобри денови. Трансценденталната Медитација може да помогне да се создаде тоа искуство во текот на денот, секој ден. Таа помага во справувањето со широк спектар на состојби кои најчесто се поврзани со стресот, како што се мигрена, чиреви, висок крвен притисок, ангина, астма, анксиозност, несоница и прекумерна употреба на алкохол, цигари и непрепишани лекови. Со секојдневна практика на Трансценденталната Медитација, се развива динамично здравје во умот, телото и емоциите, што доведува до поголемо уживање, среќа и успех.