Кардиоваскуларни болести

Докторите Каплан, Молина, Шнајдер и Краг одговараат на вашите прашања за кардиоваскуларните болести и придобивките од Трансценденталната Медитација.

Како резултат на високиот крвен притисок во текот на многу години, артериите се стврднуваат (атеросклероза), што доведува до компликации од мозочен и срцев удар. Дали има докази дека Трансцендентална Медитација може да ја намали атеросклерозата?

Др. Каплан: Една иновативна студија објавена во журналот „Мозочен удар" покажа дека задебелувањето на ѕидовите на каротидната артерија, предупредувачки знак за стврднување на артериите, е намалено со редовно практикување на техниката на Трансцендентална Медитација.Поврзани научни истражувања

Како техниката на Трансцендентална Медитација може да влијае на физичките ризик фактори за атеросклероза, како што се крвниот притисок, холестеролот и отпорноста на инсулин?

Др. Молина: Иако техниката на Трансцендентална Медитација е ментална техника, таа доведува до уникатна невро-психо-физиолошка состојба. Промените во физиологијата водат до опаѓање на холестеролот и крвниот притисок. Кога ќе го намалите притисокот и нивото на холестерол, го намалувате и ризикот од атеросклероза. Истражувањата покажуваат дека пациентите со коронарна срцева болест кои практикуваат Трансцендентална Медитација помалку заболуваат од ангина. На еден стрес тест за физички вежби, испитаниците кои практикуваат Трансцендентална Медитација покажале поголем капацитет за вежбање, поврзан со намалена исхемија или намалена способност на коронарната артерија.

Многу е важно да се знае дека високиот крвен притисок, дијабетесот и пушењето се трите најважни ризик фактори за болестите на срцето. Истовремено, високиот крвен притисок е најважниот ризик фактор за мозочен удар. Се покажа дека техниката на Трансцендентална Медитација ги намалува и двата вида притисок, систолен и дијастолен, но особено го намалува систолниот (висок крвен притисок) кој е најмногу поврзан со зголемениот ризик од мозочен удар, а не е добро третиран со постоечката фармаколошка терапија за висок крвен притисок.

Техниката на Трансцендентална Медитација се покажа дека ја намалува и отпорноста на инсулин, која е многу важен ризик фактор за дијабетес, хипертензија и конорарна болест на срцето.

Др. Шнајдер: Точно е дека атеросклерозата е предизвикана од низа ризик фактори како што се високиот притисок, пушењето, високиот холестерол, метаболниот синдром или отпорноста на инсулин. Покрај овие фактори, во организмот има и биохемиска нерамнотежа поради слободните радикали или оксидативниот стрес. Истражувањата покажуваат дека хроничниот стрес директно придонесува за појавата и развојот на атеросклерозата, а дејствува и индиректно преку зголемувањето на сите други ризик фактори за болести на срцето. Ефектите од хроничниот стрес се резултат на стрес хормоните, како што е хормонот кортисол, и симпатичкиот нервен систем кој ослободува адреналин и норадреналин.

Истражувањето на програмата на Трансцендентална Медитација покажа дека ТМ ги умртвува повеќето од ризик факторите за атеросклероза (болести на срцето) – психолошкиот стрес, високиот крвен притисок, пушењето, холестеролот, оксидираните липиди и отпорноста на инсулин. На ниво на неврохормони, доаѓа до намалување на стрес хормоните и нарушувањата на симпатичкиот нервен систем. Невро-ендокрините и кардиоваскуларните промени веројатно се резултат на поголемиот ред и рамнотежа на централниот нервен систем.

Покрај намалувањето на кардиоваскуларните ризик фактори, истражувањето покажува намалување на стеснувањето на артериите (регресија на атеросклерозата), намалена хипертрофија (лева вентрикуларна хипертрофија) и намалување на смртноста од болести на срцето и други причини. Ова е добро воспоставена низа на настани преку кои трансцендирањето преку техниката на Трансцендентална Медитација води до подобро здравје на срцето.Поврзани научни истражувања

Мислев дека стврднувањето на артериите се должи првенствено на генетските фактори и исхраната. Како практикувањето ТМ може да ја намали атеросклерозата?

Др. Краг: Во право сте кога велите дека генетските фактори се многу важни, но факт е дека повеќето луѓе не живеат онолку долго колку што гените потенцијално би им дозволиле. Наместо тоа, умираат години порано. Храната која ја јадете е важна, но исто толку важно е и како вашето тело ја преработува таа храна.

Замислете оброк кој е совршено здрав во секој поглед. Еден ден седнувате да јадете кога се чувствувате смирено и среќно, опкружени со семејството и пријателите. Друг ден го јадете истиот оброк, но овој пат сте уморни, загрижени, налутени и опкружени со непријателство. Што се однесува до организмот, тоа не е истиот оброк и организмот различно ќе го преработи. Јасно е дека исхраната сама по себе не е клучен фактор. Техниката на Трансцендентална Медитација ни дава состојба на смиреност која ја носиме со нас. Поради тоа, не само што подобро ја преработуваме храната, туку подобро „преработуваме" сè што доаѓа до сетилата.

Морам ли да ја променам исхрана за да има подобрување?

Др. Шнајдер: Не. Истражувањето покажа дека субјектите кои практикувале Трансцендентална Медитација искусиле намалување на коронарните ризик фактори без никаква промена во исхраната или животниот стил. Се разбира, секогаш е најдобро да избирате здрава храна за добро здравје и долговечност.

Др. Молина: Не, не постојат услови за исхраната за да практикувате Трансцендентална Медитација. Промената на исхраната не е неопходна за практикување ТМ, нити е неопходна за добивање на придобивките за кои се зборува во истражувањата. Но, за пациентите секогаш е паметно да имаат редовни оброци и да јадат здрава, свежо подготвена храна, особено свежо овошје, зеленчук, јаткасто овошје и житарки од цели зрна.Поврзани научни истражувања

Дали ја препорачувате техниката на Трансцендентална Медитација за намалување на ризик факторите за срцев и мозочен удар?

Др. Молина: Техниката на Трансцендентална Медитација ја препорачувам на секого, бидејќи не морате да бидете болни за да медитирате.

Има многу студии кои покажуваат дека техниката на Трансцендентална Медитација ја зголемува долговечноста и ја намалува стапката на кардиоваскуларната смрт, споредена со контролирани групи на пациенти кои не правеле ништо, добивале редовна медицинска нега или практикувале други техники на релаксација. Исто така, техниката на ТМ ги намалува ризик факторите за срцев и мозочен удар.

Техниката на Трансцендентална Медитација е многу едноставна ментална техника, и ако редовно се практикува, го намалува крвниот притисок и ги подобрува невро-физиолошките и ендокрините врски. Поради тоа, техниката на ТМ е процес преку кој можете да го намалите високиот крвен притисок и атеросклерозата, а истовремено да бидете побудни, ведри и среќни. Поврзани научни истражувања

Научни истражувања

Конгестивна срцева слабост

Намален холестерол

Коронарна срцева болест

Кардиоваскуларни болести

 

Нашите медицински експерти

Гери П. Каплан, доктор по медицина и филозофија, е невролог и вонреден професор по клиничка неврологија на Факултетот за медицина во Њујорк. Добитник е на наградата Алберт Х. Даглас која му ја додели Здравствената организација на државата Њујорк за исклучителни достигнувања во промовирањето и подобрувањето на образованието на лекарите.

Цезар Молина, доктор по медицина, член на Американскиот колеџ за кардиологија, е медицински директор на Центарот за срце Јужна Америка, во болницата Ел Камино во Маунтин Вју, Калифорнија. Тој дипломирал на Универзитетот Јеил, на Медицинскиот факултет, и е член на Американскиот колеџ за кардиологија. Д-р Молина неодамна се појави во меѓународното издание на Си-Ен-Ен каде дискутираше за придобивките на исхраната и вежбањето во лекувањето и превенцијата на коронарната срцева болест.

Роберт Шнајдер, доктор по медицина, член на Американскиот колеџ за кардиологија, е награден со повеќе од 20 милиони долари како признание од Националниот институт за здравство за неговите пионерски истражувања на природните пристапи кон болестите на срцето. Д-р Шнајдер е автор на „Потполно здраво срце" и уште 100 други медицински истражувачки статии. За него е пишувано во повеќе од 1000 медиуми, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и магазинот Тајм.

Џејмс Краг, доктор по медицина, е член на Американската психијатриска асоцијација, претседател на Друштвото на психијатри во Вирџинија и поранешен четиригодишен претседател на Здружението на заедницата на психијатри во Вирџинија. Тој во моментов е медицински директор на Либерти Поинт, установа за рехабилитација на адолесценти со психијатриски проблеми.