Како да научите Трансцендентална Медитацијa

7 чекори за учење на Трансцендентална Медитација

Прв чекор: Уводно предавање

Од искусен учител ќе слушнете како Трансценденталната Медитација ќе Ви користи, како таа се разликува од останатите техники и ќе добиете одговори на Вашите прашања. Добредојден е секој што е заинтересиран да научи повеќе за Трансцендентална Медитација. Уводните предавања се целосно бесплатни и немате обврска да ја научите техниката. (1 час - бесплатно)

Уводните предавања се одржуваат редовно во центарот во Скопје и повремено во другите градови од земјата. Лични состаноци со учителите се исто така можни.

Втор чекор: Подготвително предавање

Се објаснуваат механизмите на ТМ техниката – како работи, зошто е лесно да се научи и ненапорно да се практикува, како е различна од другите форми на медитација и кое е нејзиното потекло. (30 минути - бесплатно)

Трет чекор: Приватен состанок

Дознајте повеќе на приватен состанок со сертифициран ТМ учител. (5 – 10 минути - бесплатно)

Имајте предвид дека вториот и третиот чекор можат да бидат завршени во истиот термин со првиот чекор.

Следните чекори (од четвртиот до седмиот) се одржуваат во текот на четири последователни дена.

Четврти чекор:
Лично упатство

Со квалификуван учител. (1-2 часа)

Петти чекор:
Прв семинар

Се потврдува исправноста на практиката и се даваат понатамошни инструкции (1-2 часа)

Шести чекор:
Втор семинар

Разбирање на механизмите на ТМ техниката (1-2 часа)

Седми чекор:
Трет семинар

Разбирање на повисоки нивоа на човековиот развој (1-2 часа)

6 месечно следење на практиката

Откако ќе завршите со првичните седум чекори со инструкции, ќе имате интелектуално и искуствено знаење кое е потребно за правилно да ја практикувате техниката на Трансцендентална Медитација.

Потоа следуваат серија важни, лични состаноци со вашиот учител и дополнителни часови – понудени без дополнителни трошоци.

Со овие сесии се стабилизира исправноста на вашата медитативна практика за да се осигураме дека ќе ги добиете целосните придобивки. Состаноците можат да бидат закажани според вашите потреби во текот на овие први шест месеци од вашата ТМ практика. Овие дополнителни сесии не се задолжителни, но се препорачува да се искористи оваа можност.

Доживотна поддршка

Откако ќе го завршите курсот, вие сте квалификувани за доживотната програма која се нуди во сите ТМ центри. Ова вклучува лично водство на вашата медитативна практика од учителот, напредни предавања, специјални настани, групни медитации и прослави.

Ако некогаш имате потреба да ја освежите вашата практика или да добиете дополнителни инструкции, тоа ќе ви биде овозможено за минимален трошок во било кој ТМ центар.

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

Мјуриел, професионален готвач

„Јас сум толку благодарна за мојата практика на Трансцендентална Медитација. Таа ме направи храбра во мојата креативност, така што започнувањето на сопствен бизнис едноставно мораше да се случи. Не можев да одолеам! Тоа е ужасно тешка работа, но медитацијата ми ја дава потребната енергија како и потребниот оптимизам. Мојот успех го припишувам на контактирањето со најдлабоките нивоа на животот!"

Ана Филиповска
Учител по Трансцендентална Медитација:

„Со нетрпение очекуваме да нè контактирате и да ви помогнеме да дознаете повеќе за учењето на Трансцендентална Медитација".