Maharishi Mahesh Yogi

Махариши Махеш Јоги

Што е Трансценденталната Медитација

Трансценденталната медитација е најчистата, наједноставната и најефективната форма на медитација која му е позната на светот.

Таа е чиста техника на трансцендирање - која доведува до наједноставната, најмоќна состојба на свесност - незагадена од било каква контрола на умот или мисловен процес.

Трансценденталната Медитација му дозволува на вашиот ум да се смири внатрешно преминувајќи преку мислите и да стигне до најтивкото и најмирно ниво на свесност – вашето највнатрешно Себство.
Mедитативна техника

Како функционира Трансценденталната Медитација?

Трансценденталната Медитација му овозможува на умот да го трансцендира мислењето на еден едноставен, природен и ненапорен начин и да доживее состојба на мирна будност на свеста. Ова искуство на трансцендирање исполнето со длабок мир го подмладува телото и умот и доведува до широк спектар на придобивки во секојдневниот живот.
Како функционира

Како Трансценденталната Медитација се разликува од другите техники

Трансценденталната Медитација е уникатна. Таа е многу поразлична од другите техники на медитација и релаксација. Една неодамнешна студија на мозочната активност за време на медитација, објавена во списанието „Свеста и спознавањето" , открива три фундаментални категории на медитација: насочено внимание, свесност и автоматско само–трансцендирање – нова категорија претставена од авторите на студијата со цел да ја опишат Трансценденталната Медитација.

Brain Coherence demostration

Мозочна кохерентност за време на ТМ – демонстрација од Д-р А. Аренандер (2 минути)

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

John Hagelin PhD,Quantum Physicist

Д-р Џон Хагелин  
Квантен Физичар

"Трансценденталната Медитација е најшироко истражуваната форма на медитација и нејзините придобивки за умот, телото и емоциите се потврдени од стотици различни студии."

„Трансценденталната Медитација е едноставна постапка која го поттикнува најосновното ниво на животот и со тоа ја подигнува секоја личност и секое општество на високо достоинствено ниво."

Махариши Махеш Јоги