Официјална веб-страница за Македонија
Махариши Махеш Јоги
Што е Трансценденталната Медитација
Трансценденталната медитација е најчистата, наједноставната и најефективната форма на медитација која му е позната на светот.
Таа е чиста техника на трансцендирање - која доведува до наједноставната, најмоќна состојба на свесност - незагадена од било каква контрола на умот или мисловен процес.
Трансценденталната Медитација му дозволува на вашиот ум да се смири внатрешно преминувајќи преку мислите и да стигне до најтивкото и најмирно ниво на свесност – вашето највнатрешно Себство.
Mедитативна техника
Како функционира Трансценденталната Медитација?
Трансценденталната Медитација му овозможува на умот да го трансцендира мислењето на еден едноставен, природен и ненапорен начин и да доживее состојба на мирна будност на свеста. Ова искуство на трансцендирање исполнето со длабок мир го подмладува телото и умот и доведува до широк спектар на придобивки во секојдневниот живот.
Како функционира
Како Трансценденталната Медитација се разликува од другите техники
Трансценденталната Медитација е уникатна. Таа е многу поразлична од другите техники на медитација и релаксација. Една неодамнешна студија на мозочната активност за време на медитација, објавена во списанието „Свеста и спознавањето" , открива три фундаментални категории на медитација: насочено внимание, свесност и автоматско само–трансцендирање – нова категорија претставена од авторите на студијата со цел да ја опишат Трансценденталната Медитација.