Што е трансцендирање

Кога практикуваме Трансцендентална Медитација, доживуваме состојба во која умот е целосно мирен, а сепак широко буден.

Трансцендира значи „оди преку", и трансцендентална состојба имаме кога умот оди, преминува преку секоја активност. Тоа е доживување на внатрешното Себство, искуство на совршен мир, трансцендентална свест.

Искуство на внатрешно себство

„Секој може да отиде длабоко внатре и да го засити својот ум со внатрешна среќа, со таа неограничена чиста интелигенција која живее во изворот на мислата". Махариши Махеш Јоги

Состојба на чиста свест

Умот е како океан – постојано во движење на површината, но тивок и многу моќен во длабочините. Трансценденталната Медитација значи смирување без напор до тивките длабочини на океанот –полнење со безграничната состојба на чистата свест. Како што умот станува тивок, дишењето станува многу меко и мускулите длабоко се релаксираат. Умот се смирува внатрешно, преминува преку мислата и оди до најмирното и најтивко ниво на свеста - вашето внатрешно Себство.

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

Ненапорна техника

Лично искуство при изучувањето на ТМ:

„Без да знам што да очекувам, започнав да се движам кон сè подлабоки и подлабоки нивоа на релаксација, како да тонев во столот. Потоа, извесно време, можеби неколку минути, искусив тивка, внатрешна состојба без мисли, само чиста свест и ништо друго. Потоа повторно станав свесна за опкружувањето. Ова искуство ми даде длабоко чувство на внатрешно обновување и среќа".