Трансценденталната медитација природно го намалува стресот

Стресот е дел од животот – но не мора да биде.

Секој од нас е свесен за негативните ефекти на стресот. Тој ги намалува нашите можности за ефективност, ги нарушува меѓучовечките односи и доведува до забрзано стареење. На кратко, стресот го намалува уживањето во животот. Уште повеќе, има тенденција на акумулирање во нашиот систем во текот на животот. Дури ни добриот сон, ни продолжениот одмор, не ни овозможуваат целосно да се опоравиме од стресот.

Хормоните и однесувањето 1978 10(1):54-60

Создавање на хармонизиран поглед на свет

Може да постојат или да не постојат нешта кои може да ги направиме за да ги реорганизираме нашите животи надворешно со цел да си помогнеме во намалувањето на стресот. Но без разлика дали имаме таква можност, Трансценденталната Медитација ги елиминира ефектите од стресот внатрешно т.е. во нашата физиологија. Ако редовно се практикува, тоа резултира со похармонизиран поглед на светот, повеќе енергија, мотивација и подлабоко ценење на нештата.

И способноста за справување со стресни ситуации

Бидејќи секој поединец е различен, ефектите на хармонизација од Трансценденталната Медитација може да донесат различни придобивки кај различни луѓе, како што се поретки главоболки, подобар сон, зголемена енергија или подобрување на односите со другите. Како и да е, една придобивка која се јавува кај повеќето луѓе е подоброто справување со стресни ситуации по применувањето на Трансценденталната Медитација.

Како ТМ го намалува стресот (6 мин.)
Д-р. Оз, кардиохирург

Истражувања за стресот

Докторите и научните истражувачи ве информираат за тоа како Трансценденталната Медитација ги зголемува менталната благосостојба, здравјето и долговечноста, а истовремено го намалува однесувањето кое му штети на здравјето.

Трансценденталната Медитација, стресот и мозокот

Трансценденталната Медитација, стресот и срцето

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

Dr William Weir, Consultant

Др. Вилијам Вејар
Консултант за инфективни болести

„Психолошкиот стрес има многу штетни физички ефекти врз човечкото тело, вклучувајќи го и директното и штетно влијание врз имунолошкиот систем. Практикувањето Трансцендентална Медитација го намалува стресот и затоа е препорачлива за зголемувањето на вредноста на животот".

Dr Donovan Leitch, Poet and Songwriter

Донован
Поет и текстописец

„Ги имав сите психички проблеми карактеристични за западниот свет: анксиозност, лутина, стрес и страв, и сите тие предизвикуваат болести. Во текот на изминатите 40 години искусив дека Трансценденталната Медитација има апсолутни лековити придобивки".