Официјална веб-страница за Македонија
Митови за Трансценденталната Медитација
Не се работи за контрола на умот или ментална дисциплина
Трансценденталната Медитација е фундаментално различна од другите форми на медитација. Тоа не е контрола на умот или ментална дисциплина; тоа не е концентрација или источна философија. Тоа не е обид да се „исполни умот". Не мора да го контролирате дишењето или мускулите. Не мора дури ни да се обидувате да се опуштите. Вие учите техника која употребува целосно природен процес - способност која е впишана во самата природа на умот. Ова се нарекува трансцендирање.
Лесно е да се практикува и ужива
Трансценденталната Медитација не бара интелектуален напор. Секој може да ја практикува - дури и децата. Кога медитирате, седите удобно со затворени очи, во тишина, без потреба да седите во било какви непријатни позиции. Сѐ што треба да знаете ќе ви биде објаснето во текот на курсот.
Без конфликт на интереси
Трансценденталната Медитација е едноставна техника која ја помага релаксацијата, намалувањето на стресот и обезбедува физичка и ментална енергија. Практиката не доаѓа во конфликт со било кои верувања, било да се религиозни или поинакви. Техниката е особено соодветна за брз, модерен, западен начин на живот. Всушност колку сме позафатени, сè поважно е да одвојуваме време за правилно да се одмориме.