Внатрешен мир: Искуство на умот и телото

Длабокиот одмор искусен во текот на Трансценденталната Медитација го релаксира телото и му овозможува да го ослободи стресот и заморот.

Кога вашиот нервен систем е помалку напнат, можете посмирено да реагирате на проблемите што се јавуваат. Не е доволно да се посветите на постигнување на внатрешен мир. Мора да го искусите во својата физиологија.

Махариши зборува за среќата
(3 мин.)

Доживејте природен мир

Со додавање на смирувачкото дејство од Трансценденталната Медитација во вашето секојдневие, внатрешниот мир лесно се зголемува. Умот има природна тенденција да оди во насока на поголема среќа и мир. Кога практикувате Трансцендентална Медитација, овој процес се случува природно и автоматски.

Додадете медитација во вашата дневна рутина

Вистинскиот внатрешен мир е чувство на смиреност и фокусираност (присебност) кои се потребни за да се биде ефективен во денешното напорно секојдневие. Во спортот, тоа го нарекуваат „Зоната", кога атлетите постигнуваат врвни резултати истовремено останувајќи смирени и со целосен преглед на ситуацијата. Не морате да се искачите на врвот на некоја планина за да најдете внатрешен мир. Само практикувајте Трансцендентална Медитација двапати на ден.

Со додавање на смирувачкото дејство од Трансценденталната Медитација во вашето секојдневие, внатрешниот мир лесно се зголемува. Тоа е слично со традиционалниот начин на боење на платно: наизменично се натопува во боја и се остава на сонце повеќе пати се додека не се добие поинтензивна боја. На истиот начин, наизменичното практикување на ТМ и на секојдневните активности, брзо нè доведува во состојба во која стресните искуства веќе не можат да ја пореметат нашата смиреност. Без разлика со какви проблеми се соочувате, истите ги решавате со силна и стабилна состојба на умот.

Transcendental Meditation in Action

„Ги отворам моите очи и тажна сум што веќе поминале 20 минути." (2 мин.) Елен ДиЏенерис

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

Д-р Елизабет Јанг  
Oпшт лекар, Лондон

„После практикувањето на ТМ се чувствувам освежена и спремна да се справам со животните проблеми ... Сум видела буквално илјадници луѓе кои се здобиле со придобивки од Трансценденталната Медитација и ја препорачувам секому без двоумење".

Мина, 11 години

„Трансценденталната Медитација ме прави многу среќна. Чувствувам внатрешна среќа додека медитирам, и среќа откако ќе завршам со медитацијата".