Трансцендентална Медитација. Eдноставна ментална техника

Секој може да практикува Трансцендентална Медитација

Трансценденталната Медитација е едноставна ментална техника, која ни дава уникатен квалитет на одмор на умот и телото. Техниката дозволува активноста на умот да се смири на природен начин сè додека тој не стане мирен, но истовремено и сосема буден. Тоа овозможува стресот и заморот природно да се разложат, резултирајќи со поголема енергија, јаснотија и уживање во животот.

Која трае само 20 минути

Трансценденталната Медитација трае само 20 минути, два пати на ден, седејќи удобно со затворени очи. Може да се практикува било каде, дури и во автобус или воз. Луѓето често откриваат дека вишокот енергија и јаснотија добиени од Трансценденталната Медитација ефективно им заштедуваат време.

И вие можете да изгледате и да се почувствувате веднаш подобро

Долготрајните придобивки од редовно практикување на Трансцендентална Медитација се кумулативни, но новите медитанти често забележуваат дека изгледаат и се чувствуваат подобро речиси веднаш. Трансценденталната Медитација нема да ги попречи вашите постоечки верувања - тоа е едноставна ментална техника. Практиката не доаѓа во конфликт со било кои верувања, религиозни или поинакви, а во исто време луѓето често откриваат дека редовната медитација дава јаснотија и перспектива за нивните највисоки стремежи.

video: Oprah on TM

„Мозокот што трансцендира" (6 мин.)
Д-р Фред Тревис, Директор, Центар за мозок, свест и спознавање

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

Ричард Гоингс
Извршен директор на Корпорацијата Tupperware

„Медитацијата е вежба која не само што го согорува стресот, туку и ме просветлува за јасно да видам што навистина се случува и што е навистина важно".

Хели Петерсон 
Медицинска сестра

„20-те минути на тишина беа најтивките кои сум ги имала долго, долго време. Чувствував дека сум во контакт со себеси, со тој внатрешен мир, со личноста која сум".