Махариши Махеш Јоги
Махариши Махеш Јоги

Махариши Махеш Јоги

Знаењето за Трансцендентална Медитација денес е достапно низ целиот свет благодарение на Махариши Махеш Јоги.

Махариши ја прими техниката од својот учител од кој што учеше многу години пред да основа интернационална организација во 1957 година, со цел глобално да го прошири знаењето за Трансцендентална Медитација.

Преку 6 милиони луѓе научија Трансцендентална Медитација

Во изминатите 60 години, благодарение на достигнувањата на Махариши, повеќе од 6 милиони луѓе научија Трансцендентална Медитација, обучени се преку 40 000 учители на Трансцендентална Медитација и отворени се илјадници центри за учење низ светот. Основани се стотици училишта, колеџи и универзитети на Махариши, а програмите на Трансценденталната Медитација се воспоставени во приватни бизниси, универзитети, затвори, во војската и други јавни институции.

Зошто ги напуштив Хималаите - Махариши (5 мин)

Воспоставување на живот заснован на природниот закон

Махариши целосно ја обнови илјадници години старата Ведска литература враќајќи го вистинското значење на нејзината теорија и пракса, и ја организира во форма на комплетна и систематска наука за свеста.

Практичните програми на Махариши воспоставуваат живот заснован на природниот закон, без да бараат промени во било која област на однесувањето, за неповратно да го променат текот на времето во корист на мирот и среќата на човештвото.

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

Дејвид Линч, режисер и основач на Фондацијата „Дејвид Линч" за едукација базирана на свесност и светски мир:

„Јас се нурнувам внатре во себе преку техниката на Трансцендентална Медитација повеќе од 30 години. Таа го промени мојот живот, мојот свет".