Како Трансценденталната Медитација се разликува од другите техники

Трансценденталната Медитација е уникатна. Таа е многу поразлична од другите техники на медитација и релаксација. Една неодамнешна студија на мозочната активност за време на медитација, објавена во списанието „Свеста и спознавањето" , открива три фундаментални категории на медитација: насочено внимание, свесност и автоматско само–трансцендирање – нова категорија претставена од авторите на студијата со цел да ја опишат Трансценденталната Медитација.

Чиста и едноставна

Трансценденталната Медитација е најчистата, наједноставната и најефективната форма на медитација која му е позната на светот. Обновена од најголемите мудреци на Ведската традиција, таа е чиста техника на трансцендирање која доведува до наједноставната, најмоќна состојба на свесност - незагадена од било каква контрола на умот или мисловен процес.

Ненапорна техника

Трансценденталната Медитација е најненапорната од сите техники на медитација, и тоа не е случајно така. Ненапорноста значи природност, а природноста е клучот за ефективност бидејќи природата најдобро знае како да создаде оптимално функционирање на телото и умот. Обемните научни истражувања во изминатите децении не само што ги потврдија многубројните придобивки од ТМ, но и покажаа дека ефектите од овој вид медитација не се демонстрираат во ниедна друга техника на медитација или релаксација, како што често се претпоставува.

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

Др. Џејмс Крег, психијатар:

Ако некое истражување покаже дека одреден лек помага во третирањето на некое нарушување, би било неодговорно и нелогично да се заклучи дека сите лекови помагаат за третирање на тоа нарушување. Трансценденталната Медитација не треба да се генерализира со вклучување на други техники кои исто така се наречени „медитација".