Добротворни организации ширум светот

Преку нашите добротворни организации, учењето на Махариши е достапно во преку 100 земји во светот.

Нашите добротворни организации, заедно со други слични организации како што е Фондацијата Дејвид Линч, внесуваат извонредни промени во животите на стотици илјади луѓе.
Фондацијата Дејвид Линч

 

Нашите глобални програми за беспомошните

Десетици илјади беспомошни млади луѓе ширум светот научија Трансцендентална Медитација преку различни донации. Придобивките се обемни, од намалување на стресот и нарушувањата поврзани со него, намалување на злоупотребата на дрога, намалување на анксиозноста, хиперактивноста и емоционалните проблеми, до зголемување на способноста за учење, подобрување на меморијата и постигнувањата на училиште.

Останатите наши глобални програми со слична цел вклучуваат:

  • Работа со бездомници
  • Работа со затвореници со цел да се намали навраќањето кон криминални дејства
  • Работа со воени ветерани кои страдаат од пост–трауматски стрес

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè