Нарушувања кај децата и адолесцентите

Докторите Вилијам Стиксруд и Кристофер Кларк одговараат на вашите прашања за проблемите во детството и адолесценцијата, објаснувајќи како Трансценденталната Медитација може да помогне.

Дали децата може да научат ТМ? А ако можат, дали има некои несакани ефекти?

Др. Кларк: Децата може да започнат со техниката на Трансцендентална Медитација на десет годишна возраст без никакви несакани ефекти. Истражувањата покажуваат само позитивни придобивки, како што се поголема фокусираност, јасност на умот, подобри оценки на училиште, повисока интелигенција, поголема креативност и самодоверба. Децата под десетгодишна возраст може да научат посебна техника која се покажа дека има хармоничен и стабилизирачки ефект. Поврзани научни истражувања

Секој е нервозен за нешто, но мојата ќерка е навистина чувствителна. Кога има тестови по математика, таа добива напади на анксиозност и речиси сè може да ја налути. Дали е тоа нормално?

Др. Стиксруд: Анксиозноста е многу честа кај децата. Всушност, има многу деца со вакви нарушувања кои не се дијагностицирани, бидејќи луѓето не ја сфаќаат доволно сериозно анксиозноста кај децата. Анксиозноста треба да се сфати сериозно, бидејќи таа води кон други ментални проблеми. Речиси сите депресивни возрасни луѓе имале историја на анксиозност во детството.

Еден од врвните светски експерти за стрес смета дека депресијата е резултат на нашата истрошена реакција на стресот. Со други зборови, ако често сте анксиозни како дете и вашата реакција на стресот се обидува да ве заштити, полнејќи го вашиот мозок и тело со стрес хормони, тоа добро ќе функционира некое време. Но, на крај, реакцијата на стресот се троши, а кога ќе се потроши, вие се откажувате.

Повеќето нарушувања на анксиозност кај децата, без оглед дали тоа се напади на паника, вознемиреност поради одделување од некој близок или генерализирана анксиозност (вознемиреност поради разни аспекти од животот), се привремени, што значи дека поминуваат. Но кај голем дел од децата со анксиозност нарушувањата се враќаат, и повторно анскиозноста во детството е најголемиот предизвикувач на ментални проблеми подоцна во животот.

Токму поради тоа експертите велат дека анксиозноста мора да се третира. Ако имате анксиозно дете, нарушувањето мора да се третира не само за да му го намалите страдањето на детето, туку и поради веројатноста состојбата на детето да се влоши.Ако можете ефикасно да ги третирате проблемите со анксиозноста, значително ја намалувате веројатноста тие проблеми да прераснат во депресија, зависност или други ментални здравствени проблеми. Затоа третирањето на анксиозноста е многу важно. Поврзани научни истражувања

Кои третмани може да ѝ помогнат на мојата ќерка?

Др. Стиксруд: Еден од најдобро докажаните начини на соочување со анксиозноста е да ги научиме децата длабоко да се релаксираат. Сметам дека Трансценденталната Медитација стана многу важна алатка не само за третирање на децата со анксиозност, туку и за превенција на анксиозните растројства. Овие растројства во основа се рефлектираат како хиперактивна реакција на стресот, а истражувањата покажуваат дека со текот на времето, практикувањето Трансцендентална Медитација значително ја нормализира или ја прави поефикасна таа реакција на стресот. Поврзани научни истражувања

Нели е одредена количина на стрес добра за нас?

Др. Стиксруд: Не дека не сакаме луѓето понекогаш да бидат вознемирени. Кога ви се заканува некаква опасност, сакате малку вознемиреност, сакате да почувствувате стрес, бидејќи тоа ве тера да бегате од опасната ситуација. Природата нè програмирала да бидеме во состојба да се справиме со опасноста преку нашата реакција на стресот.

Она што сакаме да го постигнеме е оптимална реакција на стресот, за кога ќе бидеме во навистина итна или опасна ситуација, да можеме да се справиме со неа. Кога опасноста ќе помине, нашите стрес хормони се нормализираат и ние не се чувствуваме хронично вознемирени, загрижени или опсесивни. Трансценденталната Медитација може да одигра голема улога во заштитата на децата од анксиозност и проблемите кои произлегуваат од хроничната анксиозност во детството и адолесценцијата. Поврзани научни истражувања

Мојот син тинејџер не само што е анксиозен, туку честопати е и депресивен. Дали техниката на Трансцендентална Медитација е нешто што може да му помогне?

Др. Кларк: Анксиозноста и депресијата се симптоми на стрес. Децата и адолесцентите често се соочуваат со стресот дома и на училиште, исто како што возрасните се соочуваат со стрес на работа и во односите со другите. Истражувањата покажаа дека техниката на Трансцендентална Медитација не само што го намалува стресот, туку и ја зголемува внатрешната среќа и доведува до поголема флексибилност, социјализација и самодоверба. Кога децата и адолесцентите ја учат програмата на Трансцендентална Медитација, тие повеќе тежнеат да најдат одобрување внатрешно, т.е. во себе, отколку одобрувањето од надворешниот свет, а тоа води до поголема независност и помало влијание од страна на групата врсници.

Истражувањето покажа дека учениците кои редовно ја практикувале техниката на Трансцендентална Медитација, покажале значително подобрување во учењето и социјалните вештини. Еден очигледен пример на училиште каде учениците ја практикуваат техниката на Трансцендентална Медитација е „Махариши училиштето на просветлувањето" во Феарфилд, Ајова, каде учениците покажаа високи нивоа на успех во учењето, уметноста и спортот. Поврзани научни истражувања

Мојот син е бистар, но не остава впечаток дека се труди. Дали техниката на Трансцендентална Медитација може да му помогне?

Др. Кларк: Бистрите ученици понекогаш не се трудат да постигнат нешто на училиште бидејќи може да се под стрес, да се депресивни или да им е здодевно. Но кога поединецот ја учи техниката на Трансцендентална Медитација и редовно ја практикува, тие симптоми на стрес, депресија или здодевност се намалуваат. Поради зголемената внатрешна бистрина и радост, се зголемува и способноста да ги цениме и почитуваме другите луѓе и околината. Бистриот ученик не е само интелигентен, бидејќи интелектот сам по себе не му овозможува на детето да постигнува добри резултати и да стане добар ученик. Навистина бистар ученик е оној кој исто така е и здрав, среќен и социјално прилагоден. Поврзани научни истражувања

Мојата ќерка има прекумерна телесна тежина и јас сум загрижена за нејзиното здравје. Дали Трансценденталната Медитација може да помогне?

Др. Кларк: Дебелината е голем здравствен проблем кај децата и младите луѓе. За жал, во текот на изминатите 20 години дебелината прерасна во епидемија која има долгорочни последици врз здравјето. Дебелината во детството се поврзува со дијабетес и кардиоваскуларни болести кои се појавуваат подоцна во животот.

Дебелината е тесно поврзана со лошите навики во исхраната и недоволната физичка активност. Практикантите на ТМ често кажуваат дека се чувствуваат во поголема хармонија со своето тело откако започнале со медитација. Тоа е така бидејќи техниката на Трансцендентална Медитација овозможува длабок одмор и го елиминира стресот, а токму заморот и стресот ги блокираат повратните информации до телото и умот. Кога преку редовната медитација децата чувствуваат поголема будност и свест, поголема е веројатноста да изберат здрава храна и физички активности.

Истражувачките студии за техниката на Трансцендентална Медитација покажуваат зголемена енергија и похармонична физиологија. Со редовно практикување, оние кои се чувствувале летаргично тежнеат кон поголема физичка активност. Поради овие причини, практикувањето на техниката на Трансцендентална Медитација може да биде најважното нешто кое едно дете со прекумерна тежина може да го направи за своето здравје. Поврзани научни истражувања

Научни истражувања

Подобрена интелигенција, креативност и способност за учење

Подобрена интеграција на личноста

 

Нашите медицински експерти

Вилијам Стиксруд, доктор по филозофија, е клинички невропсихолог и директор на „Вилијам Стиксруд и соработниците" во Силвер Спринг, Мериленд, група на практиканти која е специјализирана за пореметувања во учењето, вниманието, и социјални/емоционални пореметувања. Д-р Стиксруд е хонорарен инструктор во Детскиот национален медицински центар во Вашингтон.

Кристофер Кларк, доктор по медицина, дипломирал на Универзитетот Јеил при Медицинскиот факултет, Катедра за психијатрија. Корисник е на стипендијата за детска психологија од Универзитетот во Вашингтон. Во медицината е повеќе од 20 години и моментално е психијатар во Веро Бич, Флорида.