Стрес синдром

Докторите Сарина Гросвалд и Стивен Ректор одговараат на вашите прашања во врска со стресот и придобивките на Трансценденталната Медитација. 

Навистина стресно ми делуваат нешта кои не ги вознемируваат другите луѓе, како зборување пред група луѓе или испочитување на крајниот рок. Дали може ТМ да ми помогне?

Д-р Гросвалд: Па, не постои „стресомер", или стандардно мерење на стресот. Она што некој го смета за стресно, е стресно за него, без разлика дали е стресно за некој друг или не. Вашата подложност на стресот зависи многу од вашата физиологија. Со редовна практика на техниката на Трансцендентална Медитација вашата толеранција кон стресот се зголемува, овозможувајќи ви да станете помалку подложни на него. Тоа е речиси како вакцина против стрес.

Дали има некое истражување кое ги покажува овие ефекти?

Д-р Гросвалд: Истражувањето покажува дека програмата на Трансценденталната Медитација е ефикасна во намалување на стресот, анксиозноста и депресијата, па дури и во симптомите на пост - трауматскиот стрес. Можете да гледате на стресот како на континуирана секвенца која се движи од најниското ниво на стрес до пост - трауматскиот стрес како највисоко, крајно ниво. Техниката на Трансцендентална Медитација се покажа како многу ефективна во целиот овој спектар.

Што е со стресот предизвикан од недостатокот на сон? Јас речиси никогаш не спијам добро. Дали техниката на Трансцендентална Медитација помага?

Д-р Гросвалд: Интересно е што прашувате, затоа што истражувањето покажува дека Американците имаат најголем недостаток од добар сон во светот. Стресот кој се јавува како резултат на недоволно спиење се акумулира со текот на времето.

Па дури и ако повремено нормално се наспиете, сонот не може да го елиминира акумулираниот стрес кој се јавува од ден на ден поради притисоците на секојдневниот живот. Сонот може само да го елиминира заморот од денешниот ден, па заморот и стресот продолжуваат да се акумулираат. Дури и кога одите на одмор релаксацијата не трае многу долго откако ќе се вратите назад на вашиот вообичаен начин на живот. Тоа е причината зошто на секој му треба начин за елиминирање на акумулираниот замор и стрес од секојдневниот живот, кои уште повеќе се влошуваат поради недостатокот на сон.

Редовното практикување на техниката на Трансцендентална Медитација ви овозможува да го исфрлите акумулираниот стрес. Истражувањата покажуваат дека редовното практикување на Трансцендентална Медитација го подобрува здравјето, вклучувајќи ја психолошката благосостојба. Истражувачите проценуваат дека 70 - 90% од болестите се поврзани со стресот, па ако имате механизам за намалување на стресот тогаш тој ќе го подобри вашето целокупно здравје и сите аспекти на вашиот живот.

Нели одредена доза на стрес е добра работа? Нема ли стресот да нè поттикне да завршиме некои нешта кои во спротивно не би ги направиле, како на пример да го запазиме крајниот рок?

Д-р Гросвалд: Понекогаш роковите можат да ја зголемат мотивацијата за завршување на задачите, но мислењето дека луѓето работат подобро кога се под стрес е погрешно. Всушност, луѓето кои работат подобро кога се под притисок се луѓе кои таквите ситуации не ги доживуваат како стресни. Со други зборови, притисокот е само стимулација за тие луѓе. Ако притисокот го доживувале стресно, тоа ќе се одразело на нивната работа.

Ако добро размислите, кога правите најмногу грешки? Кога сте уморни, кога сте под стрес и кога премногу брзате. Креативноста доаѓа како резултат на јасен ум, смиреност и одмореност.

Повремениот стрес не ни штети, но хроничниот стрес е исцрпувачки. Кога сте навистина под стрес, мала е веројатноста дека креативноста и ефикасноста ќе го достигнат својот врв. Причината е во тоа што природата ни дала механизам за опстанок кој го исклучува префронталниот кортекс (аналитички дел од мозокот одговорен за расудување) кога сме под екстремен стрес. Ваквото „затворање на мозокот" значи дека целата енергија оди во мускулите. Тоа е таканаречена „бори се или замини" реакција . Оваа реакција е добра доколку на пример ве брка мечка но, функционирањето на овој начин во секојдневниот живот е навистина контрапродуктивно. Во основа, човекот се издигнува над некои ситуации кога е под притисок. Но вие не сакате така да го живеете секојдневниот живот.

Наместо тоа, сакате префронталниот кортекс да работи. Тогаш можете да планирате, организирате, да правите стратегии и да бидете колку што е можно попродуктивни, поефикасни и покреативни. Техниката на ТМ ја зголемува комуникацијата помеѓу префронталниот кортекс и другите делови на мозокот и го проширува функционирањето на мозокот. Стресот го прави токму спротивното.

Најмалку еднаш годишно одам на одмор. Стресот го снемува некое време, но штом се вратам на работа почнувам да чувствувам како притисоците се зголемуваат.

Д-р Гросвалд: Одморот помага стресот да го снема краток период, но тој не може да нè ослободи од акумулираниот стрес; тоа е само привремено решение. Она што ни треба е нешто што ќе ни овозможи секојдневно да бидеме помалку подложни на стрес, така што стресот нема да го попречува уживањето во животот. Истражувањето покажува дека програмата на Трансценденталната Медитација не само што им овозможува на умот и телото да се ослободат од акумулираниот стрес, туку и дека со текот на времето помага поединецот да стане поотпорен на стрес.

Се смета дека стресот предизвикува 90% од болестите. Какви промени се случуваат во телото како резултат на стресот?

Д-р Ректор:Хормоните го менуваат имунолошкиот систем кој е ваша одбрана не само од заразните болести, туку и од ракот. Неправилното функционирање на имунолошкиот систем исто така може да предизвика и срцеви заболувања, преку механизми како што е хронично ниско ниво на воспалителна хиперактивност кое придонесува за формирање на плакета на коронарната артерија. Замислете ја оваа состојба како корозија во артериите од прекумерна топлина.

Кога имунолошкиот систем е постојано под закана и стресот преовладува, имунолошкиот систем постепено станува збркан и збунет, како да се оддалечува од системите за кои е наменет да ги заштити. Како добар полицаец кој станал лош, имунолошкиот систем ја губи способноста да биде совршено буден за заштита на телото од вистински закани и постепено може да стане агресивен кон сопственото тело. На почеток таа агресивност може да биде во помал степен, но на крајот можно е да достигне до ужасно висок степен. Како резултат на оваа состојба може да настане автоимуна болест.

Дали нивото на хормоните ќе стане побалансирано со намалување на стресот преку техниката на Трансцендентална Медитација?

Д-р Ректор:Да, кога телото е помалку под стрес како резултат на практикувањето на техниката на Трансцендентална Медитација, нивото на хормоните исто така се променува во насока на намалениот стрес. Како моќен противотров за стресот, практикувањето на техниката на Трансцендентална Медитација доведува до обновување на хармонијата, интеграцијата и рамнотежата. Овие механизми на исцелување функционираат на секое ниво од комплексната физиологија на човекот. Без да има потреба од размислување за тоа, организмот се соединува во една целина и станува балансиран.

Ова се случува во тивкиот извор на физиологијата. Поради тоа техниката на ТМ може да резултира со лекување и реинтеграција на целата физиологија на начин кој не е достапен или очекуван од некои други техники за справување со стресот. Ова извонредно тврдење е добро оправдано со огромната поддршка на научните истражувања од целиот свет спроведени во период од преку четириесет години.

Научни истражувања

Стрес

Нашите медицински експерти

Сарина Гросвалд, доктор по образование (стручно образование кое подразбира применета и професионална обука) е експерт за когнитивно учење. Таа неодамна ја предводеше првата од таков вид истражувачка студија за ефектите на програмата на Трансценденталната Медитација врз децата со тешкотии во учењето поврзани со јазикот. Нејзината работа опширно е опфатена во националните медиуми, вклучувајќи ги PBS и ABC вестите.

Стивен Ректор, доктор по медицина, практикува ургентна медицина во изминатите 18 години. Тој поседува сертификат од Американскиот одбор на итна медицина.