Крвен притисок

Докторите Гери Каплан и Вернон Барнс одговараат на вашите прашања за високиот крвен притисок, објаснувајќи како Трансценденталната Медитација може да помогне. 

Дали постои доказ дека Трансценденталната Медитација сама по себе може да го намали високиот крвен притисок?

Др. Каплан: Неколку студии за тинејџери (Американски журнал за хипертензија, 2004) и повозрасни лица (Хипертензија, 1999) покажаа дека високиот крвен притисок се намалува по само неколку месечно дводневно практикување на техниката на Трансцендентална Медитација. Се намалува и потребата од лекови за висок притисок, а понекогаш лековите повеќе и не се потребни. Секој кој користи лекови, а започнал да практикува Трансцендентална Медитација, со својот лекар треба редовно да ги следи позитивните ефекти врз притисокот и потребата за продолжување со лековите. Поврзани научни истражувања

Како резултат на високиот крвен притисок во текот на многу години, артериите се стврднуваат (атеросклероза), што доведува до компликации од мозочен и срцев удар. Дали има докази дека Трансцендентална Медитација може да ја намали атеросклерозата?

Др. Каплан: Една иновативна студија објавена во журналот „Мозочен удар" покажа дека задебелувањето на ѕидовите на каротидната артерија, предупредувачки знак за стврднување на артериите, е намалено со редовно практикување на техниката на Трансцендентална Медитација. Поврзани научни истражувања

Зошто хипертензијата е толку сериозен ризик за здравјето?

Др. Барнс: Од проучувањето на светската популација се проценува дека до 2025 година 26,4% од возрасното население ќе има хипертензија, што претставува предвиден пораст од 60 %, односно бројот на заболени до 2025 година ќе достигне 1,56 милијарди луѓе. Поради тоа, хипертензијата е важен предизвик за здравството, и нејзината превенција, откривање, лекување и контрола имаат висок приоритет.

Има убедлива теорија дека ако интервенцијата за намалување на високиот крвен притисок, како што е техниката на Трансцендентална Медитација, се користи нашироко од општата популација, би можела да има големо влијание врз здравјето на луѓето. Иако се потребни долгорочни студии за да се демонстрира оваа теорија, очекувањата се дека ако во зрелите години се одржи дури и мал пад на притисокот од само неколку милиметри живин столб, може значително да се намали ризикот од хипертензија и кардиоваскуларни болести. Поврзани научни истражувања

Кои се можните причини за хипертензија и болести на срцето?

Др. Барнс: Стресот е причина за развој на хипертензија. Тоа е документирано преку епидемилошки студии за крвниот притисок, студии за врската помеѓу крвниот притисок, психологијата и настаните од секојдневниот живот спроведени во природни услови, како и експериментални студии за кардиоваскуларните и ендокрините реакции на организмот.

Умот и телото се многу интимно поврзани. Субјективното искуство од техниката на Трансцендентална Медитација се состои од ментална релаксација и мир, комбинирани со внатрешна будност. Реакцијата на медитацијата е многу брза и првите јасни ефекти може да се видат само по 15 - 30 минутно практикување. Менталната релаксација предизвикува физиолошка релаксација, што значи, кога умот ќе се смири, телото добива длабок одмор. Поврзани научни истражувања

Кои се можните механизми од практикувањето Трансцендентална Медитација одговорни за намалување на крвниот притисок?

Др. Барнс:Хроничниот стрес предизвикан од средината, како и психосоцијалниот стрес придонесуваат за зголемување на возбудата на симпатичкиот нервен систем, што доведува до дисбаланс на биохемијата на нервниот систем. Поради ваквите промени организмот претерано реагира на стресот, а тоа се потврдува преку стеснувањето на крвните садови и зголемувањето на крвниот притисок.

Смирувачките фактори, како што е намалувањето на стресот преку техниката на Трансцендентална Медитација, влијаат на симпатичкиот нервен систем, а тоа доведува до намалена активноста на крвниот притисок кога реагира на акутниот стрес. Со тек на време, поради намалената кардиоваскуларна реакција на стресот, доаѓа до намалено оптоварување на срцето, со што се намалува и крвниот притисок. Сето тоа помага да се спречи појавата на хипертензија. Поврзани научни истражувања

Што открија истражувањата за ефектите од Трансценденталната Медитација врз физиологијата?

Др. Барнс: Според еден извештај од Др. Џевнинг и неговите колеги (Објавено во „Neuroscience and Biobehavioral Reviews", 1992), практикувањето на Трансцендентална Медитација помага за подобрен метаболизам на периферните мускули и црвените крвни клетки, како и намалено лачење на стрес хормонот. Овие состојби, заедно со длабокиот одмор кој се добива со медитацијата, беа измерени и со користење на ЕЕГ. Истражувањето покажа и намалена респираторна стапка, како и намалено ниво на лактати во крвта и намалена спроводливост на кожата.

Со други зборови, техниката на Трансцендентална Медитација ни овозможува да искусиме поедноставна, посмирена состојба на свест која ги намалува нивоата на стрес хормоните. Ефектите на хроничниот стрес врз нивото на хормони се исто така поткрепени со докази. Според научните истражувања, редовното практикување на Трансцендентална Медитација помага за намалување на високиот крвен притисок. Поврзани научни истражувања

Колку долго е неопходно да се медитира за да се почувствуваат придобивките за крвниот притисок?

Др. Барнс: Придобивките може да бидат моментални, но бидејќи секоја личност е различна невозможно е точно да се предвиди колку брзо притисокот ќе паѓа. Во повеќето случаи истражувањата покажуваат дека во период од 1 до 2 месеци доаѓа до значително намалување на крвниот притисок, ако претходно бил премногу висок. Поврзани научни истражувања

Дали техниката на Трансцендентална Медитација функционира кај секој кој ја практикува?

Др. Барнс: Програмата на Трансценденталната Медитација функционира кај секого генерално уште со првата медитација, но можеби ќе биде потребно извесно време додека се почувствуваат придобивките. Стресот е често поврзан со високиот крвен притисок, а притисокот е фактор на ризик за болестите на срцето. Практикувањето на техниката на Трансцендентална Медитација два пати дневно би можело да го намали крвниот притисок. Ако практикувањето Трансцендентална Медитација доволно го намали стресот и високиот крвен притисок, би постоела можност да се избегнат или намалат лековите.

Докторите можат да ја препишат техниката на Трансцендентална Медитација како прва терапија пред да препишат лекови, или да ја препишат како додатна терапија. Поврзани научни истражувања

Кога пациентот може да престане да користи лекови?

Др. Барнс: Тоа мора да е одлука на личниот доктор на пациентот донесена според одредени критериуми, на пример, ако крвниот притисок на пациентот се нормализирал во најмалку три последователни наврати. Пациентите не треба сами да одлучуваат кога да престанат да земаат лекови. Поврзани научни истражувања

Како сметате дека овој третман ќе се развива во иднина?

Др. Барнс: Постои голема веројатност докторите да им ја пропишуваат техниката на Трансцендентална Медитација на своите пациенти, особено на оние кои страдаат од стрес или нарушувања поврзани со стресот. На оваа техника се гледа како на третман со висок потенцијал кој може да ја промени клиничката пракса. Поврзани научни истражувања

Научни истражувања

Крвен притисок

Кардиоваскуларни болести

Нашите медицински експерти

Гери П. Каплан, доктор по медицина и филозофија, е невролог и вонреден професор по клиничка неврологија на Факултетот за медицина во Њујорк. Добитник е на наградата Алберт Х. Даглас која му ја додели Здравствената организација на државата Њујорк за исклучителни достигнувања во промовирањето и подобрувањето на образованието на лекарите.

Вернон Барнс, доктор по филозофија, е истражувач на Институтот за превенција при Медицинскиот колеџ на Џорџија. Институтот доби1,5милиони долари од Американската асоцијација за срце и Националниот институт за срце, крв и бели дробови за проучување на ефектите од Трансценденталната Медитација врз Афро-Американските тинејџери кои имаат ризик од висок крвен притисок.