Ваши прашања за Трансцендентална Медитација

Колку време ќе ми одземе медитацијата од денот?

Дваесет минути, два пати дневно. Тоа често може да се направи без никаква реална промена на дневната рутина. Исто така луѓето често откриваат дека екстра енергијата и јасноста добиени од Трансценденталната Mедитација всушност им заштедува време.

Дали секој може да ја научи? Јас не можам да си го смирам умот.

Секој може да практикува Трансцендентална Медитација. Техниката ѝ овозможува на активноста на умот да се смири по природен пат сè додека тој не остане тивок, но целосно буден. Толку е едноставно.

Дали треба долго време за да ги осетам придобивките?

Не. Долгорочните придобивки од редовна медитација се кумулативни, но новите медитанти често забележуваат дека изгледаат и се чувствуваат подобро речиси веднаш.

Од каде доаѓа Трансценденталната Медитација?

Знаењето за Трансцендентална Медитација беше чувано живо и чисто во Ведската традиција на Индија, најстарата светска традиција на знаење. Ова знаење било пренесувано од страна на ведските мајстори од генерација на генерација илјадници години.
Пред околу 60 години, Махариши - претставник на ведската традиција од нашето време – му ја претстави Трансценденталната Медитација на светот, возобновувајќи го знаењето и искуството на повисоки состојби на свесност во овој критичен момент за човештвото. Кога ја учиме техниката на Трансцендентална Медитација денес, ние ги задржуваме истите постапки кои отсекогаш се користеле за постигнување на максимална ефективност.

Дали ќе станам смирен(а) до точка да станам незаинтересиран(а) за ништо?

Не. Луѓето кои имаат одговорна позиција и кои практикуваат Трансцендентална Медитација откриваат дека отстранувањето на стресот им дава јасност, перспектива и сила, а да не ги споменуваме и многуте здравствени придобивки и подобрувања на односите со пријателите и семејството.

Дали ќе морам многу да учам?

Не воопшто. Практикувањето на Трансцендентална Медитација не бара интелектуален напор. Сè што треба да знаете ќе ви биде објаснето на едноставен јазик за време на курсот.

Јас имам историја на здравствени проблеми. Дали е безбедно да медитирам?

Да, медитацијата е сосема безбедна. Се разбира ако користите медицински третман ви препорачуваме да продолжите да ги прифаќате советите од вашиот доктор.
Исто така, голем и растечки е бројот на здравствени професионалци кои истовремено практикуваат Трансцендентална Медитација и ја препорачуваат на нивните пациенти.
Здравствените придобивки се далекусежни и се ригорозно испитувани буквално во стотици престижни медицински публикации.

Дали ќе се меша со моите постоечки верувања?

Не.Трансценденталната Медитација е едноставна техника која ја помага релаксираноста, го ублажува стресот и обезбедува физичка и ментална енергија. Практиката не е во спротивност со ниту едно постоечко верување, верско или поинакво, а истовремено луѓето често откриваат дека редовната медитација дава јасност и перспектива за нивните највисоки стремежи.

Но во крајна линија, дали медитацијата е навистина компатибилна со модерниот, западен стил на живот?

Апсолутно! Всушност колку што стануваме позафатени толку е поважно да се одмараме правилно за да ги наполниме батериите.

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

Д-р Норман Розентал
Њујорк тајмс
Бестселер

Transcendence: Healing and Transformation through Transcendental Meditation

Трансцендирање: Исцелување и трансформација преку Трансцендентална медитација

„Најдобрата книга на сите времиња" Дејвид Линч

Достапна на интернет и во книжарниците

Nazira, student, on TM

Назира, Студент

„Одличната работа кај ТМ е тоа што секој може да ја практикува. Таа не се потпира на верско убедување. Моите тутори често коментираат дека секогаш сум среќна и насмеана. ТМ ми помага да се чувствувам посмирена и отворена за сѐ".