Краток осврт на истражувањата

Научното истражување на Трансценденталната Медитација е најобемното и најдеталното истражување во светот од било која програма за развој на човековиот потенцијал. Спроведени се повеќе од 600 научни студии во 250 независни универзитети и институции во 33 земји од светот. Студиите кои ги потврдуваат придобивките во сите аспекти на животот се објавени во преку 100 светски научни списанија.

Придобивки во многу области од животот

Истражувачите заклучија дека Трансценденталната Медитација ја оживува внатрешната интелигенција на телото, поддржувајќи ја неговата вродена способност за само-исцелување. Ова е дел од широкиот спектар на придобивки потврдени од истражувањата и објавени во водечките светски медицински и академски списанија.

Официјално признавање и поддршка

Националните институти за здравје во САД до денес имаат доделено над 24 милиони долари за проучување на ефектот на Трансценденталната Медитација за превенција и третман на срцевите заболувања, хипертензијата (зголемениот притисок) и мозочниот удар.

Ова истражување досега објавило:

  • Намалени ризични фактори за хипертензија, дијабетес и дебелина (Архива на Американската медицинска асоцијација по интерна медицина)
  • Зголемен животен век (Американското списание за кардиологија)
  • Намалени задебелувања на коронарните артерии (Американската асоцијација за срцев удар)
  • Намален крвен притисок во споредба со другите постапки (медицинско списание „Етничка припадност и Болести")
  • Намалување на бројот на инфаркти (медицинско списание „ Етничка припадност и Болести ")
  • Намалена употреба на лекови против хипертензија (Американското списание за хипертензија)
  • Подобрена мозочна реакција на стрес и болка (Списание „Невро Извештај")