Митови за Трансценденталната Медитација

Не се работи за контрола на умот или ментална дисциплина

Трансценденталната Медитација е фундаментално различна од другите форми на медитација. Тоа не е контрола на умот или ментална дисциплина; тоа не е концентрација или источна философија. Тоа не е обид да се „исполни умот". Не мора да го контролирате дишењето или мускулите. Не мора дури ни да се обидувате да се опуштите. Вие учите техника која употребува целосно природен процес - способност која е впишана во самата природа на умот. Ова се нарекува трансцендирање.

Лесно е да се практикува и ужива

Трансценденталната Медитација не бара интелектуален напор. Секој може да ја практикува - дури и децата. Кога медитирате, седите удобно со затворени очи, во тишина, без потреба да седите во било какви непријатни позиции. Сѐ што треба да знаете ќе ви биде објаснето во текот на курсот.

Без конфликт на интереси

Трансценденталната Медитација е едноставна техника која ја помага релаксацијата, намалувањето на стресот и обезбедува физичка и ментална енергија. Практиката не доаѓа во конфликт со било кои верувања, било да се религиозни или поинакви. Техниката е особено соодветна за брз, модерен, западен начин на живот. Всушност колку сме позафатени, сè поважно е да одвојуваме време за правилно да се одмориме.

Video: TM enhances brain's executive functioning

ТМ ги подобрува извршните функции на мозокот - 8 минути
Д-р Аларик Аренандер, Центар за мозок, свест и спознавање

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

Gary Kaplan, MD

Гери Каплан
Вонреден професор по неурологија на факултетот за медицина при универзитетот во Њујорк

„Ако имате техника која ја практикувате по 20 минути два пати на ден, техника која ви овозможува да бидете динамични во вашите активности, а да не го акумулирате стресот кој е штетен за вашето здравје, тогаш го имате клучот за подобро здравје."

Steve Collins, actor

Стив Колинс, актер  
Познат по улогата на капетанот Вилард Декер во „Ѕвездени патеки"

„Она што најмногу ми се допаѓа кај Трансценденталната Медитација е тоа што не бара никакви промени на животниот стил за успешно да делува".