Како функционира Трансценденталната Медитација?

Од моментот кога се будиме до моментот кога заспиваме, мозокот е постојано активен.

Трансценденталната Медитација му овозможува на свесниот ум да искуси потивки нивоа и на крајот да трансцендира, или да оди подалеку дури и до најфините импулси на мислата, да ја доживее чистата свесност, изворот на мислата - областа на бесконечна креативност и интелигенција. Умот е длабоко опуштен, но сепак целосно буден, и преку овие длабоки нивоа на одмор, како умот така и телото се освежуваат и обновуваат.

Дилбек МЦ, Орм-Џонсон. Физиолошки разлики помеѓу ТМ и обичниот одмор. „Американски Психолог" 1987 Септември; 42:879-881

Искусете длабока релаксација

Истражувањата покажуваат дека Трансценденталната Медитација произведува значително зголемување на основната отпорност на кожата во споредба со обичниот одмор со затворени очи, што укажува на длабока релаксација. Индикација за длабок одмор и релаксација е исто така и забавеното дишење.

Подобрете го вашето здравје и способноста за само излекување

Трансценденталната Медитација ја оживува внатрешната интелигенција на телото, поддржувајќи ја неговата вродена способност самото да се исцелува. Дозволувајќи им на умот и на телото да пристапат до изворот на природната интелигенција кој е длабоко во нас, Трансценденталната Медитација може да ни донесе значајни подобрувања во секој аспект на животот: умот, телото, однесувањето и општеството.

Правилно разбирање на медитацијата (1 мин)
Д-р Џон Хегелин, Квантен физичар

Направете го првиот чекор

Контактирајте нè

Fred Travis, PhD

Д-р.Фред Тревис
Центар за мозок, свесност и спознавање, Ајова, САД

„По два или три месеци практикување на ТМ, започнуваме да забележуваме високи нивоа на интеграција на предниот дел од мозокот. Интересно е што таа интеграција не исчезнува после практикувањето на ТМ, туку таквото кохерентно функционирање на мозокот сѐ повеќе станува дел од секојдневните активности".

Корал, 17 години

„Тоа што најмногу го ценам кога медитирам е внатрешната смиреност и длабокиот одмор. Тоа го прави мојот ум појасен - и мојот ден многу полесен".